Некој случајно да се разбира од закони и правни работи да ми даде совет(најдобро во ПП)?
Конкретно се работи за судски случај каде осомничениот добива 5 условни казни, а најверојатно денес има пристигнато и 6тата условна(се работи за закани по живот, искористени се случаите што се случија во Грачаница(Србија) и во Македонија пред некој ден како пример, тешки кражби, оштетување на имот и лажна пријава против друг кој не е вклучен во делото и слични дела) . Дали вреди да се отповика условната казна со цел со наредното кривично дело осомничениот да биде осуден на казна затвор?
Мислам дека најдобро е да се дискутира во пп, а случајот го напишав за да се има некоја слика за што се работи и за што конкретно ми треба помош.
Благодарам.
Лаички коментирам ...нели ако има условна казна и го повтори делото, треба автоматски да оди затвор?!?
Очигледно човекот има дебели врски во Основниот суд или некого уценува, се прашувам дали е истиот судија што му носи такви смешни пресуди?!?
Јас лично би испратил пресуда, патем истата треба да се објави од Судот, до сите медиуми, обавезно и ИРЛ и некои невладини, со убаво срочен текст па би барал да го објават сторија во рок од 48 часа инаку после тоа ќе сметаш декамсе на страната на насилникот
Искористи го и моментумот што го спомена со несреќите што се случија за жал поради вакви реакции.
Тоа е жално, што додека нема медиумско внимание, работите се забошотуваат...чист пример како успеаја одма да го најдат крадецот на лаптопите од кај дечкото Борче од Донирај додека сите други се "во истрага"