Сва среќа што медицински факултет држи некое ниво. Ако завршат студенти со препис, ќе биде смешки.
Ќе ти "гугла" пред тебе, за маката што ја имаш. 
Или некој од електро кој немал пракса туку набубал теорија да ти поврзува инсталација дома.
Абе види, мене двајца инженери ми рекоа вака.
Првиот : Ти си тој што ќе го проектира моделот, тестира, изработи кад модел, направи анализа, одреди процес на изработка и толку. Ниту треба да знаеш како да ги ракуваш машините, ниту ќе те интересира тоа. Предаваш на друг колега во фирмата/фабриката каде ќе бидеш.
Вториот (постара генерација) : Џабе ти ќе ми проектираш и тестираш и пресметки и се, ако не знаеш да ми наместиш/поврзеш. Ако не знаеш да работиш на машините. Утре на линија, или на дефектажа, мајсторите може мајтап да си играат со тебе, ако те начекаат прост или ако не знаеш.
Што е исправно и точно, верувај уште мешам.
"Играњето" со струја е проста работа, која зезнала многу луѓе. Кој материјално, кој со живот платил. Подобро плати на човек ако не знаеш, одколку да се учиш од јутуб.