Момци, во Грција каде да се купи сим картичка припејд, ми треба интернет било каков.. Лидл има припејд картички?
Sent from my iPhone using Tapatalk
Ни Лидл, ни Мидл .
Ќе најдеш Германос (бренд на Космоте) или Космоте салон. Пасошот ќе ти го побараат.
Ќе им речеш дека сакаш припејд картичка WhatsUp. Се плаќа 13€ за СИМ картичката и 12€ да ти стават кредит.
Напомени им да ти активираат пакет неограничен интернет за 9.90€ од тие 12€. Пакетот ти трае еден месец, можеш да пушташ хотспот.
Ако не ставиш кредит наредните 13 месеци - картичката ти пропаѓа.
Ако ставиш кредит - имаш два месеци пред да ти пропадне.
Јас направив вака лани на Крф во август и беше топ низ цел остров.
Годинава се регистрирав на Космоте, си дополнив кредит со наша дебитна картичка (ставив 12€), па преку апликацијата WhatsUp за мобилен го активирав истиот пакет (секое лето ја имаат истата акција, еве и сега). Сестра ми на Крит ја користеше истата картичка во јуни.
Исто многу е добро што со самото ставање на кредит - имаш опција да активираш 90 минути разговор на грчки броеви, за не дај Боже.
Побарај ме во ПП ако купиш, ќе ти објаснам како да се регистрираш на Космоте, како да ставиш кредит и да активираш пакет. Впрочем како да си ја одржуваш картичката бидејќи важи и за ЕУ (пример со овој пакет за неограничен интернет во Грција имаш 6.5 GB низ ЕУ).
Апликацијата WhatsUp е на грчки само, ама многу лесно се активираат пакети или става кредит. Профил се прави на страната на Космоте и со него се логираш на апликацијата.