Како мислиш не се кажале дека се Македонци до 45?
Немој со тие татарски финти жити се.
Заради Партиотизмот и нефукционалноста на системот сме какви шо сме моментално.
А народ си ќути пошо знае и за полошо. 
Така едноставно. Не се кажале. Тие што се кажале на крајот си го повлекоа тоа - јавно.
Буквално сите си го погазиле зборот - и тој малку што го кажале дека има некакво македонско самосознание.
Врз основа на што ние ќе градиме нација, кога интелегенцијата во тоа време во ниту еден момент не застанала на ставот за македонска самобитност и да го одржи тој став на самобитност.
И на крај некое решение да понудеше ?
Решение?
Не постои решение. Едноставно не сме народ кој заслужил држава.
Овој народ сака некој да дојде и да му го реши проблемот - царот, султанот, кралот, маршалот.
Сите се ложиме на некоја јака „татковска“ фигура која ќе ги реши сите проблемот.
Сами не можеме, не сакаме - не знаеме.
Јас искрено воопшто не се чувтвувам должен државава да ја сакам.
Ништо во животот не ми дала, ништо добро не ми овозможила.
Ниту образование како што треба, ниту здравство, ниту социјална заштита.
Моето чувство на патриотизам е речиси никакво.