Незнам шо има врска историјата со политиката и тоа дека сите крадат,а народот си ќути.
Не познавам друг народ кој толку се самопонижува.
Оди на Французин,Германец,Енглез кажи му нешто околу неговата историја па да видиш дали ќе се замара или не,дали ќе ти ги "прифати" твоите тези и муабети или ќе си се држи до тоа што го учеле и го знае,па макар и тоа било сосем погрешно.
Има многу врска.
Цела историја, сме биле нечии вазали - на цареви, султани, кралеви, марашали.
Секогаш народот кон власта гледал со презир и како нешто туѓо и наметнато.
Тоа си продолжи после 1991 година, дури и на своето.
Едноставно не знаеме како да го чуваме и градиме она што го имаме, бидејќи „програмирани“ сме дека некој друг одлучува во наше име и ние за инает ќе го уништиме тоа.
Тоа се префрла во политиката и поединците што доаѓаат на власт - како да укради од туѓото (а уствари е своето) и да го уништи туѓинецот (а уствари е сопствениот народ).
Французот, Енглезот, Германецот се нации со богата историја на свое и сопствено, со јасен идентитет и чувство за колективност.
Тој светоглед што го развивале самите и заедно, си направија силни нации кои денес никој не им може ништо да им порекни.
Чувството на патриотизам кај нас е да се величат некакви херои (кои самите не се кажале како Македонци - од Александар Македонски па се до 1945) и дали сме биле чистокрвни оти не сме примиле вакцина.
Патриотизам на западот е да работиш за својата држава, да биде убаво за сите. Да платиш данок, да го држиш под контрола оној што е на власт, да понудиш и добиеш одлично образование, здравство, пензија. Да имаш социјална заштита, социјални права.
Ние немаме патриотизам - ние имаме ПАРТИОТИЗАМ.