Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 3026492 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12285 на: 30 Јануари 2022, 23:43:09 pm »
Деловите се наоѓаат во Србија и целта е да се порачаат по брза пошта до некаде, и да се подигнат.

За тоа што ми треба мене, би отишол и би го сменил во некој локален сервис, ама ако веќе одам може ќе треба да направам услуга на пријател и да му донесам малку поголем дел.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • French diamond
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12286 на: 31 Јануари 2022, 00:10:59 am »
Јас носев последно нови дискови и плочки и амортизери, на србинот му кажав и само ме праша јел су нови или половни, а кај нашите не ми ни отворија багаж, нешто да пријавиш ме праша му реков ништо посебно и терај даље беше работата. Пред тоа носев држач за мотор, 2 сета ребрасти каиши, отворија видоа ама ништо не искоментираја.

А еве го одговорот од царина на прашањето дали смеам да внесам бандажи (кои впрочем ги внесов последно ко си идев) :

Секоја стока која се внесува на подрачјето на нашата земја задолжително се става на увид на царински орган (се пријавува). Доколку стоката ја носите со себе како физичко лице и истата не е од комерцијална природа, потребно е при влез во државата да ја пријавите на надлежен царински орган. И доколку вредноста на стоката не надминува 350 евра, (а тоа можете да го докажете), таа стока е ослободена од плаќање на царински и други давачки.

 

Царинска управа

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3945
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12287 на: 31 Јануари 2022, 07:40:57 am »
Јас пола ново Југо кабрио носев, па се тегнев на Прохор Пчински летоска, и на крај се вратив на Табановце за цариникот да се изнасмее (во меѓувреме мораше повикај пријател зошто нема разбирачка), вика за ова ло те врати бе, делови за Југо што не вредат ни 300€? Викам да, за тоа. Само ми рече, следен пат кога ќе си носиш делови само тука на Табановце, никој од нас нема да те малтретира за вакви работи.
Во средата полн гепек со се и сешто, плус и делови, фрли поглед и вози ми рече.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12288 на: 31 Јануари 2022, 07:44:50 am »
Реално Бугарите и Србите ги боли стапот што ќе извезувате од таму и гледаат да добијат частење (ако биде биде е муабетот). Кај нас легално како физичко лице не можеш да увезуваш делови. Тоа што прават таксистите, шверцерите и сите други останати кои имаат врски, не е легално.

Единствено правни лица можат да ги увезуваат сите овие работи и за секое нешто што го увезуваат плаќаат одреден надомест. Правилата за увоз и преработка се дефинирани со Законост за Животна Средина и неговите подзаконски акти и правилници.


пс. Јас лично би ги шверцал (да не се разбереме погрешно) и би поминал како Томче мртов ладен.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12289 на: 31 Јануари 2022, 11:53:08 am »
Каде да барам карти за играње, ама да се поцврсти некој, поквалитетни?

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12290 на: 31 Јануари 2022, 12:01:10 pm »
Каде да барам карти за играње, ама да се поцврсти некој, поквалитетни?
Топла препорака за Bicycle карти, кај нас малку се тешки за наоѓање али се покажан квалитет. Го најдов огласов, може ќе ти заврши работа:

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3448992

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12291 на: 31 Јануари 2022, 12:36:25 pm »
Имам еден не целосен шпил Dal Negro Aeroclub од старциве од времето, сигурно се над 30г стари, ама децава дошле до нив и изгубиле неколку карти, вториот шпил појма немаат каде им е. Сега ги најдов на нет, за 5-6$ на промоција за шпил, ќе видам дали можам да ги порачам.
Ако не успеам, ќе се јавам на овој од линкот што си го ставил. Фала.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12292 на: 31 Јануари 2022, 12:37:27 pm »
Во литература имаш фенси карти.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12293 на: 31 Јануари 2022, 17:00:44 pm »
Имам еден не целосен шпил Dal Negro Aeroclub од старциве од времето, сигурно се над 30г стари, ама децава дошле до нив и изгубиле неколку карти, вториот шпил појма немаат каде им е. Сега ги најдов на нет, за 5-6$ на промоција за шпил, ќе видам дали можам да ги порачам.
Ако не успеам, ќе се јавам на овој од линкот што си го ставил. Фала.


Или испечати ги некаде ;D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12294 на: 02 Февруари 2022, 01:49:40 am »
Каков погодок во кошарка ви претставува највозвишено задоволство:

- без коски
- од табла
- од табла, па назад во обрач па кош
- од табла, па обрач два пати, принцип "д-г-д'к"
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2949
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12295 на: 02 Февруари 2022, 02:27:58 am »
Без коски, секако.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12296 на: 02 Февруари 2022, 02:34:39 am »
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34541
  • Таков е животот... јебига
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12297 на: 02 Февруари 2022, 09:31:56 am »
Дечки, сакам да донирам еден лаптоп на едно семејство во Битола викендов. Дали има некој во план да оди накај Битола да го однесе лаптопов?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12298 на: 02 Февруари 2022, 14:30:58 pm »
Каде да барам карти за играње, ама да се поцврсти некој, поквалитетни?

На бензиска.
Имаш скоро секаде Piatnik. Добри се картите во квалитет.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12299 на: 02 Февруари 2022, 14:52:55 pm »
Каков погодок во кошарка ви претставува највозвишено задоволство:

- без коски
- од табла
- од табла, па назад во обрач па кош
- од табла, па обрач два пати, принцип "д-г-д'к"

Без коски кога мрежичката ќе направи Whooooop!