@Carpathian Lord што мислиш за инвестициските фондови, на пример оние на КБ?
Дали за почетници не е подобро такво нешто во глобала?
Ако одиш да речеме со Генерали Инвестментс буквално го прават истото што го правам јас - инвестираат на S&P500. За доказ оди им на страната и имаат онакви графици за движење на цените. Спореди со S&P500, ќе видиш дека го прикажуваат истиот график.
Генерали ти викаат макс добивка од 10% годишно.
Јас сум веќе 6-7 месец и веќе сум на 12-13% добивка. Не оди тоа линеарно да се разбереме во последните 10 години VOO што го следи SP500 индексот годишно заработуваш во просек 16.8% Генерали и сличните прават на тебе 5-6% заработка.
Реално сѐ што е под 5% годишно заработка е само оддржување на вредноста на парите ради инфлација, а под 2-3% веќе си во загуба. Ова ти го кажувам ако ги гледаш пресметките што ти ги кажуваат во однос на ризик.
SP500 ти е целата најдобра америчка економија, а ако падне америчката паѓа цела светска, па и банките.
Дури и во најголемите кризи и војни инвестицијата во SP500 била стабилна. Падовите се од краток рок и веднаш се враќаат.