Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1997550 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11685 на: 30 Октомври 2021, 03:56:44 am »
Да не пишувам во темата за станови, еве за оние што ги интересира за вложување на странска берза (пред се S&P500 т.е јас избрав VOO, вие можете TSLA акции да купите) @DarthJe5us еве тука прочитај

Процедурата е едноставна. .

1) За да инвестирате на S&P500 мора да одите преку соодветни брокерски куќи. Не можете директно да инвестирате на S&P500.

Јас лично избрав Vanguard, од се она што прочитав. Имате и други кои исто се добри.

2) Стапувате во контакт со брокер од Комерцијална и ви спремаат листа на документи што треба да ги пратите. Ако сакате ќе ви дадам број од мојот брокер.
Скен лична карта, документи потпишување и сл. Сето ова можете да го направите од дома.
Fun fact: Ќе ви наплаќаат околу 600 денари месечно оти им се може - "одржување".

3) Парите се префрлуваат на одредена сметка која си ја има банката за инвестирање во странство. Се плаќа провизија од отприлика 50-100 долари по трансакција (ова важи значи за сите акции). Значи ставате 100 долари плус од тоа што си пресметувате.  Значи повторувам по трансакција. Да - колење е ако сакате различни тикери да ставате по малку или секој месец.

Другите алтернативи како IBKR не ми се проверени. (НЛБ правела трансакции на ИБКР - апликација за тргување е)

4) Има една табела ја пополнувате го пишувате ISIN и ticker симболот, количина и максимална цена во долари.

5) Ви потврдуваат и ви враќаат уште еден документ да потпишете и завршивте работа.

6) Ви испраќаат email со цената со која се купени. Честито :)

Е сега да се вратам на првата точка за Vanguard.

Како што реков имате повеќе како на пример Fidelity, Schwab, SPDR итн.

Vanguard имаат некој манипулативен трошок од 0,03% годишно (3 долари на секои 10000 долари).

Fidelity немаат да речеме. FIdelity се трудат да ги намалат сите трошоци и да станат популарни со помладите генерации.

Официлано не се S&P500 колку што знам (т.е не смеат да си пишуваат S&P500 во името оти за тоа се плаќа) ама малтене само името е такво.

Сепак, некако сите го препорачуваат Vanguard. Пак ќе кажам направете си research и одберете си.

Е сега кога сме кај акциите имате во основа да бирате ETF и Index.

Кај Vanguard имате VOO и VTI (или VTIAX).

*VOO така е името на акцијата како кај нас да речеме KMB, ALK - т.е ticker symbol. Повеќето го знаете ова ама има некои што нема да знаат. Со тикерот си ги гледате акциите на Google пример "VOO stock price".

Едноставно објаснување без многу разглобување:
Разликата кај Vanguard е што VOO инвестира во топ 500 (509) компании во Америка, VTI e 3669 (509 се вклучени во овие) т.е ви дава поголема дизерфикација.

Другата разлика е што VOO е класична акција (можете да купите/продадете во секој момент), VTI се чека крај на ден.

Разликата во приносите одат во дел од процентот подобро кај VOO, ама мал дел.

Ако веќе одите на VTI повеќе се исплаќа VTIAX, ама таму има минимална инвестиција од 3000 долари (некои мали бенеифиции плус - како автоматизирано инвестирање и сл.) првиот пат. После можете колку сакате на секоја трансакција.

Дивидендите (dividend yield) се движат околу 1.5% на годишно ниво.

Како иде кога сакаш да ги продадеш? Колкав процент зима брокерот и колку брзо може да се заврши тоа? Сам имаш начин да ги продадеш или мора да го бараш брокерот на телефон?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11686 на: 30 Октомври 2021, 07:04:45 am »
Ухх, море дај прво да си купам стан, потоа можеби втор ;D
Така де, мислам кој го смишљал процесов. Среќа кај нас има инвестициски фондови и копачи па да можеш сето ова да го упростиш.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3418
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11687 на: 30 Октомври 2021, 08:39:29 am »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11688 на: 30 Октомври 2021, 13:26:57 pm »

Како иде кога сакаш да ги продадеш? Колкав процент зима брокерот и колку брзо може да се заврши тоа? Сам имаш начин да ги продадеш или мора да го бараш брокерот на телефон?

На VOO немам продадено, а најверојатно нема за долго време (оти то е поентата нели), на МСЕ имам и е доста едноставно. Поднесуваш исто барање со цена која сакаш да ја продадеш акцијата. Кога ќе ја постигне цената се продаваат и ти легнуваат парите на сметка. Немаш провизии. До крајот мислам на 2022 нема ни данок. Не ме држи за збор.

Целата процедура трае 15 минути да поднесеш и да потпишеш продажба. Ништо комплицирано.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11689 на: 30 Октомври 2021, 16:20:02 pm »
@Carpathian Lord физички ја поднесуваш или онлајн? Исто дали мора да зимаш плата кај нив?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11690 на: 30 Октомври 2021, 23:21:05 pm »
Онлајн. Нема врска ова со плата каде земаш.
Буквално сѐ што сум правел до сеа било онлајн и потпис со adobe sign. Реално дури преку телефон можеш сѐ да водиш.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11691 на: 31 Октомври 2021, 20:16:12 pm »
Dechki ima li na forumov nekoj majstor dzidar ili ushte podobro malterdzija? Momentalno mestam struja vo kukjata ama vo dilema sum kolku da strchat doznite od dzidot bidejkji ne znam kolku e debelinata na malterot. Znachi dvete prashanja se:

- Kolku e debel slojot na malterot vo soba/kupatilo/kujna?
- Dali vo kujnata osven izmalterisaniot del treba da ostavam i odredena visina za debelina na plochkite vrz koi ke ima shtekeri?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11692 на: 31 Октомври 2021, 20:34:45 pm »
Во случај некој да не се јави со прецизен одговор, да кажам дека немам видено дозна да не е подлабоко од површината на малтерот за барем 1 цм.

Сметај дека тие стегалките (како ли се викаат) од штекерот влегуваат барем 3-4 цм во дозната.

Од друга страна, кога сум бушел во ѕид, не верувам дека бургијата влегувала повеќе од 3 цм пред да почне да излегува порокалова прашина од циглата.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3418
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11693 на: 31 Октомври 2021, 21:25:45 pm »
Dechki ima li na forumov nekoj majstor dzidar ili ushte podobro malterdzija? Momentalno mestam struja vo kukjata ama vo dilema sum kolku da strchat doznite od dzidot bidejkji ne znam kolku e debelinata na malterot. Znachi dvete prashanja se:

- Kolku e debel slojot na malterot vo soba/kupatilo/kujna?
- Dali vo kujnata osven izmalterisaniot del treba da ostavam i odredena visina za debelina na plochkite vrz koi ke ima shtekeri?

Дебелината на малтерот ти зависи и од тоа колку е крив ѕидот. Некаде ќе имаш 1цм малтер, некаде може 2цм, не можеш да знаеш. Јас прво малтерисав па полека и претпазливо кршев за дозни отвори.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11694 на: 01 Ноември 2021, 07:59:50 am »
poglupo od ova vakanje satot    zdravjee
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11695 на: 01 Ноември 2021, 08:02:56 am »
Поглупаво нешто од ова враќање на саатот здравје!
Да ужасно е зимско сметање на времето. Особено што ние сме и во погрешна временска зона со Шпанија, наместо со Грција. Хаос. И не му дотекнува на никој да земе да тргне полека да ги среди овие работи. Прво тргни зимско, и онака цела Европа веќе изгласа да се тргне таа катастрофа, и после и смени си зона со точната (со Грција). Наместо да губиме саати и саати сончева светлина додека спиеме, ќе си ги имаме попладне како што повеќето земји си ги имаат.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11696 на: 01 Ноември 2021, 09:05:20 am »
Dechki ima li na forumov nekoj majstor dzidar ili ushte podobro malterdzija? Momentalno mestam struja vo kukjata ama vo dilema sum kolku da strchat doznite od dzidot bidejkji ne znam kolku e debelinata na malterot. Znachi dvete prashanja se:

- Kolku e debel slojot na malterot vo soba/kupatilo/kujna?
- Dali vo kujnata osven izmalterisaniot del treba da ostavam i odredena visina za debelina na plochkite vrz koi ke ima shtekeri?

Дебелината на малтерот ти зависи и од тоа колку е крив ѕидот. Некаде ќе имаш 1цм малтер, некаде може 2цм, не можеш да знаеш. Јас прво малтерисав па полека и претпазливо кршев за дозни отвори.

Намерно после малтерисување кршеше, или подобро е така? Знам дека со сличерица и круна се средуваат сите   работи околи струја и водовод, на голи цигли, па иде малтерисување.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11697 на: 01 Ноември 2021, 09:31:52 am »
@Carpathian Lord што мислиш за инвестициските фондови, на пример оние на КБ?
Дали за почетници не е подобро такво нешто во глобала?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11698 на: 01 Ноември 2021, 09:45:50 am »
Dechki ima li na forumov nekoj majstor dzidar ili ushte podobro malterdzija? Momentalno mestam struja vo kukjata ama vo dilema sum kolku da strchat doznite od dzidot bidejkji ne znam kolku e debelinata na malterot. Znachi dvete prashanja se:

- Kolku e debel slojot na malterot vo soba/kupatilo/kujna?
- Dali vo kujnata osven izmalterisaniot del treba da ostavam i odredena visina za debelina na plochkite vrz koi ke ima shtekeri?

Дебелината на малтерот ти зависи и од тоа колку е крив ѕидот. Некаде ќе имаш 1цм малтер, некаде може 2цм, не можеш да знаеш. Јас прво малтерисав па полека и претпазливо кршев за дозни отвори.

Намерно после малтерисување кршеше, или подобро е така? Знам дека со сличерица и круна се средуваат сите   работи околи струја и водовод, на голи цигли, па иде малтерисување.

Во право е клаберот. Се зависи оф тоа како е ѕидано.

Во пракса оди прво ѕидање, струја, па после малтерисување. Денес ретко кој мајстор има соодветна круна за дозна. Сите одат со длето.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #11699 на: 01 Ноември 2021, 11:54:44 am »
@Carpathian Lord што мислиш за инвестициските фондови, на пример оние на КБ?
Дали за почетници не е подобро такво нешто во глобала?

Ако одиш да речеме со Генерали Инвестментс буквално го прават истото што го правам јас - инвестираат на S&P500. За доказ оди им на страната и имаат онакви графици за движење на цените. Спореди со S&P500, ќе видиш дека го прикажуваат истиот график.

Генерали ти викаат макс добивка од 10% годишно.

Јас сум веќе 6-7 месец и веќе сум на 12-13% добивка. Не оди тоа линеарно да се разбереме во последните 10 години VOO што го следи SP500 индексот годишно заработуваш во просек 16.8% Генерали и сличните прават на тебе 5-6% заработка.

Реално сѐ што е под 5% годишно заработка е само оддржување на вредноста на парите ради инфлација, а под 2-3% веќе си во загуба. Ова ти го кажувам ако ги гледаш пресметките што ти ги кажуваат во однос на ризик.

SP500 ти е целата најдобра америчка економија,  а ако падне америчката паѓа цела светска, па и банките.

Дури и во најголемите кризи и војни инвестицијата во SP500 била стабилна. Падовите се од краток рок и веднаш се враќаат.