Германците прават (најчесто - подвелкувам - најчесто) добар инжеринг, ама ги отепуваат работите во ситници.
Оправдувањето е дека тоа било потрошен материјал и требало да се менува посекако - као чим се расипало толку му е предвиден животен век и треба да се смени со ново.
Со други зборови ...штедиме на материјали и тестирање, а ти продаваме премиум продукт.
И ќе ти се зафркне некој диктон, па ќе почне да ти тече масло, некој сензор ќе рикне па колата нема да ти работи добро итн итн.
Машината (најчесто) си работи без проблем.
Е ама ако моторот е склон на дефекти (ланчиња се кинат, глави се искривуваат, дизни се расипуваат...) е тогаш леле мајко.
Затоа најубаво е Јапонец.
Никој не може да ме разубеди дека јапонски мотор (зборуваме за прав јапонски мотор развиен пример од Хонда, Јамаха, Тојота) и јапонски менувач (пример Аисин) не чинат.
И таму има сигурно проблематични мотори склони на дефекти ама се далеку далеку поретки.
Најубаво е човек да најди комбинација на јапонска механика и европска каросерија. Пример Volvo XC90. Yamaha машина, Aisin менувач, а Volvo школка.