Друштво едно стручно прашање, имам стари звучници компјутерски Philips купени од AMC пред 15 години сигурно.
Ми се оштети 3.5мм џекот и си купив друг го сменив сам, во последно време и да е исклучен компјутерот а звучниците уклучени и појачан гласот, се слуша како цепа некоја грчка радио станица.
На стариот компјутер ми правеше исто, сега и со нова матична и процесор нов, пак исто свири во позадина и ми смета. Ако си пуштам некоја песна ми се мешаат со овие грчкиве.
Ова се случува само кога е боцнат 3.5мм џекот во компјутер, значи како антена му служи, така му доаѓа некако.
Има некое чаре или да купувам нови звучници, задоволен сум од овие и од чист звук и од јачина и не ми се менуваат.