https://vlada.mk/node/23312
Значи го имаме класичното државата за некого мајка за некого маќеа. Овие што се прават Бугари ќе си ги легализираат колите по 1/2на од цената што ние ја плаќаме. Едно големо браво за владата, наместо да им стави услов префрлање на МК таблички или забрана за возење, они 50% попуст ќе им даваат.
Едит: Нигде не прочитав, што ако пак не сакаат да ги префрлат на МК таблички. Ќе има некои казни, или вози мишко прај се Бугарин и наведни си капата.
Незнам за кои поточно ќе се однесува законот, ама тие што се прават бугари нема што да си ги легализираат колите, веќе им се легални, регистрирани во Бугарија. Кој и зошто би ги натерал да ги префрлат на мк табли?
Бугарски државјанин со кола на бг табли. Што има тука да се легализира? Се си е во ред.
Можеби ова би било за стари коли кои неможе да се "увезат" во мк, да може да ги префрлат на наши табли да би можело да ја продаде полесно
Не се соогласувам. Постои разлика помеѓу Бугарски државјанин, и лице со Македонско и Бугарско државјанство. исто така постои нешто наречено резидент на една држава, што значи ти може да имаш 100 државјанства, но во даден момент си резидент на една држава.
Што значи тоа, тоа значи дека државата може да донесе закон според кој ти штом претстојуваш во МК повеќе од 6 месеци во годината, немаш право да го возиш возилото на бугарски таблички, или, вози го 6 месеци во МК, но потоа мораш да претстојуваш во Бугарија 6 месеци, каде нема да смееш да го возиш тоа возило во МК во тие 6 месеци.
Што изиграваат овие со БГ пасоши, дипломати? Државата како орган секогаш треба да си ги заштите своите интереси, а во случајот тоа се парите кои нашите ги даваат во Бугарија а цела година ги возат тие коли на наши патишта, за кои јас и мн други плаќаме пари (не навлегувам дали се инвестираат или се крадат, тоа е дискусија на друга тема).
Еве нека каже некој Македонец што има Македонско и Германско државјанство дали Германија дозволува да се резиденти на Германија, а да ги возат колите на македонски таблички цела година.