Во МК, во една аптека сега за сега, може да се купи легално уље со THC, исклучиво со дупли рецепт (се издава на болни од рак, епилепсија, паркинс...и уште неколку заебани чуми). Реплек го произведува, има понизок процент на THC за разлика од странските производители (проверено на фармацефтски факултет) и за жал е огин скапо. Ова на сликава е за рак, кошта 10.000ден, зависно од дозирањето трае 2 недели до месец.
Пошто сум истражувал на темава од мука: уље со CBD е суплемент, со CBD и THC е лек. Тоа не значи дека ако буфташ 5 бакљи арачиново хејз дневно ќе бидеш здрав...зборувам за комерцијално медицинско уље произведено под соодветни услови и стандарди кое има специфична намена при лечење на одредени заболувања/симптоми од болести. Медицинското уље нема потреба да се пуши, капка под јазик, до сега никој што користел не се пожалил од нус појави, освен што е грдо е на вкус.
Од искуство со блиски, потврдувам дека помага со драстично намалување на бројот на епилептични напади кај дете 8год. (од неколку тешки на ден до 1 слаб напад неделно) и особено при паркинс 3та фаза кај ~70год човек, кој сега функционира, може да јаде сам, да се облече, претходно не можеше ни да седи. Доколку имате потреба зборувајте отворено со доктор, ќе ви објасни најубаво, дали е соодветно за конкретниот случај, на луѓево погоре им беше препорачано од локални неуролози.
И јас ја поддржувам декриминализацијата од неколку причини:
1. Поради конкуренција на пазарот, ќе стане финансиски подостапен лекот за оние што навистина им треба;
2. Контрола на квалитет, нема деца да се трујат со пестициди (најголемо зло од тревката на црно);
3. Ќе биде полабав просечниот шупак, пошто ракија очигледно не е за секој;
4. МК е стане популарна туристичка дестинација и ќе се влеваат милиони во буџет;