Дали нешто ќе поефтине у оваа држава,ебате тиникиџиите,уште голф 3 ќе се вози у оваа држава.
Sent from my BLN-L21 using Tapatalk
Па ако добро го разбрав новиот данок, и тоа како ќе поевтинат колите. Место 18% ддв да платиш за нова кола, ќе платиш во зависност од вредноста на возилото. Пример, земеш Опел Корса, плаќаш 3-4% ДДВ место 18%
ДДВ си останува 18%, новиов закон само ја менува акцизата, па сега немасто само по вредност, ќе се пресметува и по тоа колку ЦО2 испушта тоа возило.
Ќе има веројатно мало поевтинување(до 500 евра) кај коли од А и Б сегментот.
Додека најмногу од ова губат обичните хибриди, особено оние поскапите како Лексус кој од денес ќе поскапат за поприлична сума.
Ако останува ДДВ 18%, тогаш или јас не сум разбрал или овие што напишале не разбрале нешто:
Едниот критериум е продажната вредност на возилото. Според него во иднина ДДВ ќе се плаќа според следниот критериум.
– за возила до 10.000 евра – 0%
– за возила над 10.000 до 12.000 евра – 1,0%
– за возила над 12.000 до 14.000 евра – 2,0%
– за возила над 14.000 до 16.000 евра – 4,0%
– за возила над 16.000 до 18.000 евра – 6,0%
– за возила над 18.000 до 20.000 евра – 8,0%
– за возила над 20.000 до 23.000 евра – 10,0%
– за возила над 23.000 до 26.000 евра – 12,0%
– за возила над 26.000 до 29.000 евра – 14,0%
– за возила над 29.000 до 32.000 евра – 16,0%
– за возила над 32.000 до 35.000 евра – 17,0%
– за возила над 35.000 до 40.000 евра – 18,0%
– за возила над 40.000 до 50.000 евра – 19,0%
– за возила над 50.000 – 20,0%
Извор:
https://24auto.mk/vesti/makedonija/objavena-uredbata-za-noviot-danok-eve-za-kolku-ke-poskapat-novite-vozila-vo-makedonija/