Препорачајте очна ординација за комплетен преглед (одредување диоптер/очен притисок) и правење наочари. Со десно око слабо гледам, а термин преку матичар тек во Јануари. Било каде во Скопје.
Визус, кај Др. Софрониева. Во зградите позади пазарчето во Тафталиџе.
Уште работи Софрониева? Не сум знаел, кај неа одев како дете додека имаше ординација кај фонтана.
+1 за др.Ристовски...не прави пуш сејлз, не се пува, се разбира ептен, од прва погоди што ми е без било каков наод. Кај него сум со години и презадоволен сум а носам чороскопи од градинка, така да сум ги поминал повеќето офталмолози низ Скопје.
Локални извикани офталмолози ми препорачуваа ласерски операции и леќи, но после консултација со Ристовски и независно од него со познат Израелски експерт кој дебело го платив, како и преглед во Свети Вид извршен од руски офталмолози (наводно пратени од институтот Фјодоров) истото ми препорачаа сите, односно да не правам операција, ниту да носам леќи, т.е. ме спасија од непотребни компликации и дополнително влошување на видот поради ќар и/или непознавање на проблематиката.