Ако ти смета толку зошто не се преселиш? Истото прашање за сите што активно се жалат, а ништо не превземаат за нивните проблеми.
Како една обична граѓанска единка без соодветна политичка/финансиска/елоквентна поткрепа, немам капацитет да ја решам моментално усраната ситуација, колку и да се трудам. А со селење уште помалку ќе допринесам кон подобрување. Плус не е само мој проблем туку на сите што живееме тука. Освен ако си живееш во имагинарен меур во кој се е розево и убаво или веќе си го протерал животот па ич не ти чуе, како бабата од ФБ на која не и смета ништо.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ни ти ни јас не може да смениме ништо сами. Има неколку работи кои можеш да ги направиш.
- Да се преселиш кај што ќе ти се свиѓа,
- да се помириш со тоа каде си и да престанеш непотребни стресови да си правиш на себе и на сите околу тебе со вакви коментари
- да смислиш начин да уживаш каде што се наоѓаш и да ги искористиш можностите што ги имаш.
Со вакви коментари ништо не се постигнува.
Во животот сами сме си одговорни за нас тоа дали ни е убаво каде се наоѓаме и што правиме.
Ти благодарам за животните совети, еве што имам да искоментирам за истите:
- Работам на тоа да се преселам надвор од Шупакленд и ќе биде наскоро, затоа што нема индикација за било каков напредок во блиска иднина или било кога;
- Нема да се помирам со живот во околина која му штети на моето здравје. Приматите околу мене ми ствараат стресови, не јас. Слободно прескокни ги моите коментари ако тебе ти ствараат стресови;
- Знам како да уживам и ги користам можностите што ги имам;
Со секој коментар се постигнува т.е. се исполнува правото на глас, а реакциите на тој коментар се право и сопственост на тие што ги доживуваат и споделуваат. Секој има право на коментар, дали ќе биде тоа ,,Амин“ под слика од икона на фб, или ,,koko parye“ или ,,земјата е рамна, да живее Миленко“ или интелегентно и конструктивно прашање/размислување/став/констатација.
Не е точно дека “Во животот сами сме си одговорни за нас тоа дали ни е убаво каде се наоѓаме и што правиме.“. Јас не сум одговорен што некој грев мора да гори гуми да извади жица за да купи леб, ниту пак дека на инспекторот/функционерот ако му бутнеш доволно паричка ќе прогледа буквално на све низ прсти (ќе уништи парк за да никне зградуле, ќе даде дозвола за дискотека во станбена зграда, ќе скине казна, ќе ослободи убиец, ќе издаде дозвола за работа на установа без никакви задоволителни стандарди....итн).
Во даденава ситуација можеме да коментираме како ни милува или да ќутиме ко дундиња и да се радуваме кога ќе дувне ветре, дал вардарско дал европско. Јас бирам да отерам све у 3 лепе како што си заслужува