Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1798691 пати)

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7290 на: 29 Септември 2019, 14:48:20 pm »
Добро позната тактика на BMW и  Мерцедес, Така се зголемува бројот на нови купени возила + можноста да дадат подобра понуда на половните.
Во поглед на тоа, може слободно да се земат во предвид цените на тие коли стари по година дена со 20/30 илјади километри. Фактички добиваш нова кола за поевтини пари, возена многу малку. На многу луѓе тоа им одговара, плус колата е под гаранција иако е половна.
WIN - WIN ситуација и за купувачот на нова кола, и за купувачот на половна кола и за самиот дилер.
Ако се направи статистика, поголемиот дел од тие продадени Mercedes-и, BMW-иња се всушност вратени во салон и купено е поново возило од истата марка.
Ако се направи пак друга статистика за период од 5 години. Повеќе од 70% од BMW/Mercedes ќе бидат продадени, бидејќи им истекува гаранцијата, а после тоа одржавањето е огин и пламен. :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7291 на: 30 Септември 2019, 09:50:24 am »
Прашање:
Kaj Action Camera 4K (ефтина верзија на GoPro) со 32 гига мемориска картица  секогаш кога снима подолго време, клиповите  ги сецка на посебни фајлови од по 5 минути иако cyclic recording ми е исклучено. После 5 минути автоматски продолжува да снима уште 5 за следниот клип....

Има решение да снима подолги фајлови од 5 минути или тоа е тоа?


Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 593
  • Сузуки Витариче
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7292 на: 30 Септември 2019, 11:53:06 am »
Прашање:
Kaj Action Camera 4K (ефтина верзија на GoPro) со 32 гига мемориска картица  секогаш кога снима подолго време, клиповите  ги сецка на посебни фајлови од по 5 минути иако cyclic recording ми е исклучено. После 5 минути автоматски продолжува да снима уште 5 за следниот клип....

Има решение да снима подолги фајлови од 5 минути или тоа е тоа?



Да не е картицата форматирана FAT па камерата стига до file size limit и затоа да ги сече?
Ако поддржва NTFS или exFAT пробај така и види дали ќе смени.

Исто така и квалитетот/брзината на картицата гледам дека има влијание на тоа.

https://yuneecpilots.com/threads/video-recordings-only-in-5min-segments.4737/
https://www.yitechnology.com/support/answer/id/59/tid/2/qid/21/oid/_
Потпис.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7293 на: 30 Септември 2019, 12:10:32 pm »
Не.
На картицата има место за ( пример) 20 фајла од по 5 минути.
Не знам само зошто ги двои.

Kaртицата си е Verbatim 32 GB...подетални спецификации не знам.
Ќе видам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7294 на: 30 Септември 2019, 12:16:01 pm »
Во компјутер и десно копче пропертис и ќе видиш дали е фат или нтфс.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7295 на: 30 Септември 2019, 13:51:49 pm »
Најчесто е поради мемориската, што повисока класа тоа подобро, а и како што спомнаа форматот.

Имам две карти за Ерос за вечер на трибини, ми се расипа планот и не можам да одам, некој да не е заинтересиран? Блок 2, ред 12, седишта 7 и 8. Ги купив по 3000, ги давам по 2500.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7296 на: 02 Октомври 2019, 10:04:29 am »



Ситна боранија да ти биле јутуб прегледи.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1717
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7297 на: 02 Октомври 2019, 11:10:00 am »
Да, оти сега ко ќе почни грејната сезона, неговиот ауспух најмногу ќе загадва  ;D Ха бе кретени(власта), до колите е сигурно, треба само еуро 6 да врви и ќе биди за мерак воздухот.Да мора од негде да се почни,  а ко за почеток да ми дај мене и на секој друг 600-700€ плата, да се греам на клими, да возам 2015 кола и после да стега на технички, а не вака.

Ионака сите полека, полека ќе си одиме, после ќе можат да дишат чист воздух колку сакат и да лапат к*р наместо народни пари. Само Скопје ако остани колку-толку живо.

Паметно е тоа со техничкиот, ќе ги натера луѓето да купат понови возила, народов седи на пари ама циции нејќат да опалат едно 15-20,000 евра на асална кола.

Цајканите може ќе ги пуштат да мерат да не носиме погрешен број на фармерки и патики, мора некој да плати за да можат и они плата да земат.
Идејата на сите земји е да купиш Фиеста или 308 или Спортаж или Ц3 или Јарис, наместо А6 од 2001, Ц класа од 2002, q7 od 2004*ta, и слично.

Дури и половна Панда или Ајго од 2018та би било океј, наместо МЛ од 2004*та.

П.с. панда нова е 8500, Јарис 9900, Спортаж 16000.

Не зборам јас Дени за тие посебни случаи кои што купуваат за чалам. Најголем дел од населението во државава е сиромашно, доста од тие возат стари возила најчесто извозени увезени од странство затоа што немаат ни 8,000 евра да купат нова панда, него купуваат кола за 3-4,000 Евра.

Државата првин треба да обезбеди услови за да се обнови возниот парк, па после тоа да ги исклучи од сообраќај сите тие со вадени дпф, и што ти не.

Знаеш ли колку од фирмите во МК исфрлаат сериозно отровни материи во реките и воздухот без никој да ги санкционира?

Зошто за загадувањето да не предложат мерка да се намали возниот парк во владата на 1/3на од моменталниот, да оди автобус да ги зима за на работа или да доаѓаат со точак?
Зошто на цајканите им купуваат коли, нека им дадат точаци и коњи за низ град, или тогаш нема да сакаат да се пријавуваат на конкурсите?

Зошто не се запре со вработување во државна администрација и тие пари да се пренаменат за субвенции за нови автомобили?
Се е ова мачкање очи, државата е премногу трула за да некој ги сфати овие мерки за сериозни.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7298 на: 02 Октомври 2019, 11:10:09 am »



Ситна боранија да ти биле јутуб прегледи.
Тие се ситна боранија ама ако имаш елан да исконвертираш барем 30% од таа публика и да го монетизираш тој трафик, заработувачката може да биде 17,000$ месечно :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7299 на: 02 Октомври 2019, 11:38:52 am »
Како? :)

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7300 на: 02 Октомври 2019, 11:53:10 am »
Ваљда да рекламираш "случајно" некои производи

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7301 на: 02 Октомври 2019, 11:55:28 am »
Не е случајно. Не е ни замислено да биде "случајно".

Tavarish има околу 500к прегледи по видео. Секое видео има спонзор, кој он го спомнува.

Нека има 3% conversion rate (генерално, толку е глобалниот просек за ecommerce мислам). Тоа се 15.000 продажби.

Нека заработува он 1 долар по продажба.

Ете ја математиката.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7302 на: 02 Октомври 2019, 12:09:15 pm »
Jас мислев на за музички спотови каде  1500 прегледи на песна се рачунаат како една продадена физичка копија ( ЦД/плоча) на некој албум.

Беда.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7303 на: 02 Октомври 2019, 12:11:24 pm »
И спотови исто. Само треба да се напиеш од редбулот, или да повозиш во bmw то. Не е филозофија.

Subliminal messaging.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7304 на: 02 Октомври 2019, 12:49:53 pm »
Не е 1$ на 1000, не наплаќаат конверзија со спонзорите туку се платени реклами, конверзија е дополнително нешто што добиваат ако некој купи со нивниот код. Има канали што секој ден вадат видеа по 1 мил+ секој ден од годината.