Максиминилијан Лео
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Се сеќавам на првиот ден на училиште, прво одделение (забавиште моите не ме пуштија затоа што во улицата сум имал доволно другарчиња за да си играм со песок и кал една година плус), многу добро се сеќавам, ме однесе татко ми до училиштето, оддалечено 1 км од дома, на влезот позна едно од децата, мој врсник, се познавале со татко му:
- Еве ова е Менде, заедно ќе учите, да се дружите и да не се тепате...
И си замина. Супер прв училишен ден, уште одма се запознав со другите деца, а од мојата улица мај бест френд беше трето одделление, иста смена... нека ме ѓибни некој...
Се сеќавам и на зимите со обилни снегој, по пат кога си одевме лизгањето беше задолжително, понекогаш и шамари од Пеле беа задолжителни, човекот кој нон-стоп од некаде се појавуваше и не разбркуваше да не се лизгаме по главната улица оти ќе не согазат колите...
Со Менде ден денес пијаме бира пред коперација
