Ова веќе на ништо не личи. Ова веќе не се трпи. Веќе второ лето заради нечии погубни политики апстинираме од „Тропски Горештини“.
Ова ги помина сите граници. Почнале да ја даваат „Бејвоч“ божем да се заташкаат нештата, божем никој нема да примети.
Ах бре, народ памти! Народ знае да направи паралела помеѓу „Тропски Горештини“ и „Бејвоч“. Ник Слотер е еднакво на два Мич Бјукенен, што значи треба и „Бејвоч Најтс“ да почнат да ја даваат, да дојди до некој реципроцитет, па да се смири народот, да спласни тензијата, да се дојди до некој нормален тек на нештата.