Просечен Македонец е сосема ист како огромен број просечни шалабајзери низ Европа, (преваранти, забушанти...) само што низ Европа се спроведени законите и маваат по уши ако не ги почитуваш, за разлика од Македонија. А инаку убедувањата дека балканците во моќните Швајцарија или Австрија (пример) се далеку над нашиве просечни балканци не ми држат вода. Во глобала во генот на „најинтелигентното“ суштество (самопрогласено најинтелигентно) на планетава му е запишано да биди сељак и да уништува и да гази се околу него само за да си ги задоволи своите ниски или високи страсти.
Единствената разлика е што некои се богати сељаци, некои се сиромашни сељаци. Некои живеат во уредена држава каде што маваат по уши ако се однесуваш спротивноо на прописите (како што спомнав), некои живеат во држава „знајш кој сум јас?“.
Не треба да сме ултра еспекти за да приметиме дека не подјебнуваат од секоја страна. Во неможност да реагираме затоа што не доведоја до ниво на граѓани од четврт ред (зборувам за мене и тие нормални граѓани на оваа држава, што редовно плаќаат данок, што редовно плаќаат сметки, што не возат 260 на обиколница и 160 на Партизанска, не се припадници на „малцинства“ кои увек бараат права плус и секогаш нешто се дискриминирани и нешто им треба плус...) без право на сопствено мислење... и уште вака овде на форум да не можам да си поднапишам мислење?
Чест на исклучоци, вид во изумирање, го има чат-пат, затскриен зад „инфлуенсерите“.