Само за да се надоврзам на ДДВ-дискусијата:
Повратот од 15% од ДДВ-то треба да го редуцирате за:
- времето потрошено да сликате сметки
- интернет сообраќајот потрошен истите да ги пратите до УЈП
- количината на струја потрошена за да го извршите дејството на мобилниот
- времето потрошено за јадење вафли за ДДВ-мерката по твитер, форум, фејсбук
- времето потрошено за барање на зафрлени сметки во кола, дома, новчаник....
Може има уште некоја варијабла, ама не ми текнува сега.
Ако трошите време за скенирање на 100 сметки од 30 денари нето вредност, реално и не се исплати да се замарате со поврат на ДДВ. Тоа што ќе го добиете како поврат, можете многу полесно да го искористите ако би правеле нешто друго во животот.
Поентата ми е дека вложениот asset од ваша страна може да биде поскап од тоа што ДДВ/то ќе ви го даде назад.