Ова со паркирање на улица, а не во двор го гледам секој ебан ден. На Прашка кај што сум и ебаа мајката, испопаркирани коли од тие новите згради по улица еден куп, разминување нема шанси. Ок, батали од новите згради, тие со куќите, по 2-3 коли како што е спомнато поназад, паркирани на улица, пред куќа, греота е во дворот, си платил за дворот, кола да ти стои во него кога можеш тревича, маси, лежалки, крлешки (љуљашки), слизгајнци... колите нека стојат на тротоар или на улица.
Изминатата недела на единствениот платин паркинг од зградата во која што живеам имаше две коли паркирани, една позади друга, без сантиметар да фатат на тротоар или на патот. Да, јас ги паркирав двете коли. Секој ден има коли паркирано кој кај ќе стигни оти никој друг не си платил паркинг, особено па постојано што има кола паркирано на влезот каде што има огромен знак ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ...
И, мене бришачите ми ги креваа на колата, се додека да се позанимавам со куќен совет, дури да сфатат дека само тој паркинг е сопствен...
Заклучок: паркирај си на улица, кај ќе стигниш, помалку главоболки ќе имаш.
Да се помочам јас во мајндсетот наш насушен можи?
Ако си културен ќе те изебат од сите страни.
Да не спомнувм и дека пред некој ден кога во ниедно време требаше да одам на аеродром колата ми беше блокирана со две други, паркирани на тротоар. И?
Пајак?
Прочитав овде дека ако викнам пајак јас ќе платам за услугата што ми ја направиле, па ако плаќам пајак поарно тие од аеродром такси нека си платат, поевтино ќе дојди.
Да не се навраќам на моментот кога и гаража имав изнајмено и пред неа ми паркираа и никогаш не бев начисто дека ќе можам рает да излезам со колата.
Само казни му е мајката, дебели, ко во шмицарска:)