Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2374942 пати)

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 898
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5580 на: 10 Јануари 2019, 15:17:54 pm »
Со таа разлика што овие не се сметаат за зимска опрема, така што ќе имаш проблем со полиција.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5581 на: 10 Јануари 2019, 15:32:50 pm »
И со разлика што овие се местат за 5 минути, а ланците за 35 мин. :D Овие се за да мрднеш од место само, да те извадат од негде и толку.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5582 на: 10 Јануари 2019, 16:11:32 pm »
ama ni lancite kolata ne ja pretvaraat vo semokjen terenec koj ima takov avtoritet da ako ne izleze od kalta, moze da manipulira so prostorot ili da se teleportira, zosto da ima zakonot proglem so ovie plasticnive, kako se vikaat...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5583 на: 11 Јануари 2019, 09:06:43 am »
https://365.com.mk/290290/eu-objavuva-vojna-na-belata-tehnika-shto-se-rasipuva-vednash-po-istek-na-garantsijata

ЕУ Ѝ ОБЈАВУВА „ВОЈНА“ НА БЕЛАТА ТЕХНИКА ШТО СЕ РАСИПУВА ВЕДНАШ ПО ИСТЕК НА ГАРАНЦИЈАТА
10 јануари, 2019
131
Споделувања
Share
Tweet


Европската унија планира да воведе таканаречено „право на поправка“, односно серија од законски предлози кои би ги приморале производителите да произведуваат поквалитетни и со тоа подолготрајни уреди за кои би постоеле резервни делови и кои лесно би можеле да бидат поправани.

BBC зборува во името на секој потрошувач кога пишува дека е навистина фрустрирачки да купите уред кој станува неупотреблив ако се расипе по истекот на гаранцијата. Тогаш единствено ви преостанува да купите нов, но токму затоа ЕУ и одредени делови од САД инсистираат на „правото на поправка“.

Европскиот предлог, кој се разгледува и во 18 американски држави, се однесува на големите куќни апарати, но и телевизорите и расветата. Причини за ваквата иницијатива има повеќе.

Имено, меѓу 2004 и 2012 година, процентот на уреди кои се расипале во првите пет години од употребата се зголемил од 3.5% – на 8.3%, што со оглед на вкупниот број на произведени уреди – е огромен скок. Згора на тоа, анализата покажала дека повеќе од 10% од фрлените машини за перење се стари помалку од пет години. Се разбира, тоа има удел и во загадувањето на животната средина – проблем што директно би се ублажил кога апаратите би биле поквалитетни и би траеле подолго, бидејќи ќе нема потреба од нивна честа замена.

Производителите се противат на иницијативата. Тие тврдат дека предложените правила за поправки се премногу строги и дека ќе ја отежнат иновацијата. Тие предупредуваат дека нацрт-законот го ограничува пристапот до пазарот и дека отстапува од меѓународно препознатливите пракси.

Активистите за заштита на потрошувачите, од своја страна, имаат поинакво гледиште. Тие ја критикуваат Европската комисија дека токму таа им овозможила на производителите да го контролираат процесот на поправка, и тоа преку инсистирање најголемиот дел од уредите да мораат да бидат поправани од професионални мајстори кои пак се контролирани од производителите:

„Со тоа на независните мајстори (се мисли и на самите потрошувачи) им се ограничува пристапот до резервни делови и информации, па не можат да си дозволат самостојни поправки“, наведуваат, на пример, од Европското биро за заштита на животната средина. Како контра-аргумент на ова, производителите го наведуваат стравот дека неовластените сервисери ќе ги оштетат уредите кои се обидуваат да ги поправат, и дека со тоа потенцијално ќе ја направат поопасна нивната употреба.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5584 на: 11 Јануари 2019, 09:19:50 am »
Овде се мисли техниката да се произведува ткаа што ќе овозможи полесно сервисирање, не поголем квалитет.

Моја блиска на еден јак странски факултет на испит ја прашуваат дали работите се прават да траат или да се расипливи. Она пошто наш ков вика "да траат". И не положила - бидејќи капитализмот така нема како да прави нов профит.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5585 на: 11 Јануари 2019, 09:25:31 am »
Па нормално. Да не се расипуваат делови немаше да има нова технологија која што неможе да се случи без research & development за која што треба пари, а пари доаѓаат токму од нови продажби.

Ако не ви се свиѓа, слободно возете Лада Нива со технологија од пред 30 години и возете ја наредни 30 години.


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5586 на: 11 Јануари 2019, 09:26:44 am »
А што правиме со отпадот?

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4020
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5587 на: 11 Јануари 2019, 09:32:36 am »
Отпадот се знае вo река или во океан ќе заврши :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5588 на: 11 Јануари 2019, 09:38:03 am »
Никој не води грижа што со огромните количини отпад што се создаваат за профит на неколкумина, а од друга страна проповедаат постојано за некоја екологија на грб на обичниот народ. Друг проблем со не квалитетот на уредите и возилата е тоа што јас морам да работам постојано за да робувам на тоа парче техника или метал. Што од сервис што ради купување ново. Сега сакам да одам за дубаи, машината за перење стара 4год почна да дупи, пола е скапана иако стои на суво и нема никаков допир со пареа и влага. Нема да одам да шетам, ќе треба да купам машина. Утре фрижидер, потоа кола, и така у круг. Кое задоволство е да живееш живот на роб во кој што неможеш да си приуштиш некое лично задоволство за да мора да се полни џебот на тие што и така имаат премногу за 10 поколенија.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5589 на: 11 Јануари 2019, 09:52:18 am »
Идеата е да работиш уште повеќе за да имаш и за Дубаи и за машина, ама па тогаш нема да имаш време за Дубаи и така во круг :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5590 на: 11 Јануари 2019, 10:00:04 am »
@MAPJAH епа ќе си перете на рука море ...


;D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5591 на: 11 Јануари 2019, 10:41:34 am »
Абе ја ќе перам, ме снашло шо да правам. За другите мажи ми е, мора да се избориме за место под сонцето.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5592 на: 11 Јануари 2019, 20:17:21 pm »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5593 на: 11 Јануари 2019, 21:39:50 pm »
Цитат
Граѓаните на Република Македонија преку своите претставници во Собранието, вечерва, со прифаќањето на уставните измени, напишаа ново историско поглавје на нашата државност, велат од Владатс вечерва по гласањето на уставните измени во Собранието.
https://makfax.com.mk/makedonija/влада-испишано-е-ново-историско-погла/

Граѓаните на референдум кажаа нешто сосема друго.  :-\

А клептократите од ЕУ веднаш честитаа, пошто нема ништо недемократски во отварање на судски процеси за вршење притисок врз пратеници, па после брзо отфрлање на обвиненијата - откако уценуваните гласале ЗА промена на името и за промена на уставот.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5594 на: 11 Јануари 2019, 21:42:35 pm »
Не кажаа ништо граѓаните на референдум, ајвар правеа.
Ваљда при крај е веќе ајварот.