Бегај од тоа, лани едни комшии ме замолија да им средам таков еден стар модел на НР таблет... Цели денови изгубив и ништо не направив. Некои обскурни софтвери (во Java) и постапки за враќање на фирмверот, па не може без оригинален USB кабел - замисли некоја електроника имало во тој оригиналниот НР USB кабел. А испразнета батеријата од старт (и така стоела со години), па не можеш да ја наполниш со неоригинален USB кабел. Па некои финти наоѓав со trickle charge некако да го поднаполнам колку толку. За на крај да испадне џабе, дека не може recovery да се направи без оригиналниот НР USB кабел. Главоболки... Абе инат ме фати да им завршам работа на луѓето, ама ништо не направив иако изгубив колосални колични време и нема што не пробав.
Повторно, бегај од тоа. Башка ги има прегазено времето. Купи го најевтиниот таблет за ич пари, ем повеќе ќе те служи, ем ќе кажеш фала што нема и ти да си го губиш времето.
