Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2373357 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5040 на: 09 Ноември 2018, 15:57:36 pm »
Цитат
Поентата е дека не знам колку ќе успеат да ги оданочат овие луѓе, што успеале у Македонија да примаат европски плати.
Најголем дел од тиа што ќе ги оданочат се луѓе што зимаат редовна плата и се вработени во фирми. Директори, финансови директори, менаџери итн. Тие и така до сега не плаќаат ддв зошто приходот им е од плата. А за овој примерот што ти го кажуваш да, скоро 40% се оданочуваат на крај за програмери што работат хонорарно и тоа убива.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5041 на: 09 Ноември 2018, 16:08:38 pm »
@Van  Жално е што само површно (иако си убеден во обратното) ги гледаш работите...

1. Си се запрашал од каде доаѓа ЕЛ енергија во МК? Колку загуба низ системот има за да дојде струјата до домот?
2. Како работи клима уредот? Искористливот, температурен работен опсег?
3. Дали инсталрианата електрична мрежа (локална) е предвидена за таква работа (греење на клима)? И ако евентуално е предвидена (проектирана за тоа), што ако се случи пад на ел. систем? Да смрзнат луѓето?

Од тоа што секој во РМ е "паметен" како тебе за секоја можна тема, сме до ова дереџе.

пс. Друже, седи си пред компјутер, читај си пропагандни порталчиња и исправај глобални политики. Не се мешај кај што треба повеќе памет и стручно образование.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5042 на: 09 Ноември 2018, 17:19:58 pm »
Глупости. Многу глупости. Како да завртиш, како да пресметуваш потрошувачки, субвенционирање на клима уреди ќе биде неспоредливо поефикасно од субвенционирање на нови возила. Значи не зборуваме за споредби од типот ДУПЛО, ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ.... Зборуваме за фактор  стотици пати повеќе. Само ти не можеш ни да ги перцепираш разликите во димензиите, не па да ги разбереш.

Упорно и упорно мене лично ме критикуваш. Затоа што немаш ништо конкретно да дискутираш за моите ставови - колку и да те нервираат. :)

Туку тажното е што никако не ги гледаш/читаш најважните моменти во тоа што ти го кажувам. Ни субвенции за нови аута, ни субвенции за клими ќе направат видлива разлика во загадувањето (иако климите ќе помогнат). Специјално за тебе ќе ја повторам суштината на решението за проблемот со загадувањето:  Гасификација на секој дом, достапност на градско централно греење, и целосна забрана на горење дрва. И целосна забрана за горење било (освен плин) што во сите мали/големи погони и фабрики.
Е после може и еко-такси за возила да уведуваме, а воедно да не бидеме глупави идиоти кои клептократите ги влечат за уши.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5043 на: 09 Ноември 2018, 21:58:48 pm »
Не бре, ништо не разбираш, тоа е проблемот. Кажуваш општи работи што и на ретардиран му се јасни (затоа и не ти реплицирам и ти се обраќам со дете). Само што за да се стигне до тоа (што ти го предлагаш) треба уште милион чекори.
Загадувањето во фиром е комплексен проблем кој најубаво го отсликува нашето општество, народ(и) и држава: шљам, гнаса од народ(и) кои не заслужуваат ништо подобро.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5044 на: 09 Ноември 2018, 22:21:46 pm »
Aха. Ти као си стоик. Свесен си за работите ама пошто сметаш дека нема шанси ништо да се подобри - не се замараш со ништо.
Но да беше така (а не е) тогаш немаше да ти сметаат туѓи (моите) пишувања за проблемите, и потребните решенија. Твоево однесување, мислите од типот „требаат милион чекори кои нема да ги изодиме“, потоа хистеричното однесување кон тие кои ти обраќаат внимание на фактот дека грешиш, мене сето тоа ми личи на когнитивна дисонанца. Уште кога како додатен симптом ќе земам во обзир дека очигледно извесно патиш од комлекс на помала вредност (мисли од типот „шљам, гнаса од народ(и) кои не заслужуваат ништо подобро“), би рекол дека си се одлепил од реалноста.

Сакаш да удриш по магарето, ама пошто не можеш - замавнуваш кон самарот (кон мене).
Што да ти кажам, нема да ти помогнам. Ти треба помош од професионалец... И ова искрено ти го кажувам, не е дека нешто те „напаѓам“.


^^
Овака како погоре би изгледал муабетот по твој терк. Taка постојано комуницираш, на лично ниво и со ад хоминем - во целосен офтопик во однос на тоа за што реплицираш.

Друже, или реплицирај ми човечки и онтопик за работите за кои пишувам - или одјеби и не ме коментирај мене лично и моите недостатоци. Или отвори една одделна тема за мене, но и за тебе, и таму ќе го дрвиме со нерелевантни заглупувања.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5045 на: 09 Ноември 2018, 22:28:52 pm »
a si imate i pm... xD

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5046 на: 09 Ноември 2018, 22:39:05 pm »
Само јас ли заборавам кај сум паркирал и после мора да истражувам по паркингот или и вас ви се случува? ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5047 на: 09 Ноември 2018, 23:15:09 pm »
Има и бетер ;D
Паркираат и се враќаат дома со градски, заборавиле дека излегле со кола ;D

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5048 на: 09 Ноември 2018, 23:29:59 pm »
Има и бетер, јас со такси се имам вратено :)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5049 на: 09 Ноември 2018, 23:33:06 pm »
Со татко ми навечер, од свадба, да ја донесеме колата пред ресторанот, тогаш се беа 101/128, абе како се погодија два портокалови стоедни. И нормално влеговме во другиот. И ден денес се смеам на случкава.

Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5050 на: 10 Ноември 2018, 00:00:04 am »
Пред некој ден пред зграда некој ми напраил таква зезанција, идам ќе отклучувам исти таков спарк ама глеам нешо ќелави гумиве, се мислам шо е работава дали некој пренк, после го видов мојот подоле.  ;D А на големиве паркинзи у веро и кај лептокарија го барам по 5-10 минути.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5051 на: 10 Ноември 2018, 00:02:40 am »
obavezno :)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5052 на: 10 Ноември 2018, 00:10:11 am »
Никогаш не ги паметам иницијалите на зоната кај што сум паркиран, особено во Сити Мол. Секогаш паркирам во подрум, блиску до влез, и меморијата за иницијалите на зоната ми ја снемува само што ќе отворам врата за влез во трговскиот...
Затоа сега две минути се ѕверам наоколу и паметам столбови, како сум стигнал до вратата, и најбитно - дали излегувам на скалите кај Зегин или кај тоа другото за бижутерија ;D

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5053 на: 10 Ноември 2018, 04:57:08 am »
Јас на почетокот на годинава веќе се помирив дека ми ја украле колата у софија ринг мол. Влегов од еден излегов на друг влез за у гаража ај тука беше таму беше ја нема. Одам кај секјурити им викам абе крадат ли тука коли, вика случува се. Готово викам ја однеле викај полиција записник да направиме ја нема. Ај дојдоа со мене од тука ли влезе на кај отиде и ја крај ја најдовме. Вика секој ден има вакви случаи, најдобро е да си го сликаш бројчето кај што си паркиран ако забораваш.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5054 на: 10 Ноември 2018, 06:16:18 am »
Си се изгубил у гаражата на трговскиот у Софија. Сега ми е јасно зашто со месеци не се прибираш дома, па ти не знаеш патот да го погодиш за назад.
Brains are awesome. I wish everybody had one.