Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2373034 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5025 на: 09 Ноември 2018, 13:28:53 pm »
Ајде од почеток.

Даноков што се воведува опфаќа луѓе со примања  над 90к денари и се оданочува разликата. Ако зима 100к плата, 90к ќе се оданочат како што си постои сега а останатите 10к се оданочуваат троа повеќе. Но во апсолутни бројки по лице како единка тоа се неминорни цифри, односно станува збор за 200-300 денари повеќе трошоци. Проблемот е поголем за фирмите реално што исплаќаат такви плати, а не за вработеното лице што зима 1500 евра плата.

Јасно ли е сега? 


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5026 на: 09 Ноември 2018, 13:58:09 pm »
Проблемот е поголем за фирмите реално што исплаќаат такви плати, а не за вработеното лице што зима 1500 евра плата.

Ете така.

Целтата на фирмите е да остваруваат профит, а за тоа да го постигнат намалуваат трошоци. Согласно историските податоци и локалната пракса, фирмите кои исплаќаат такви плати можат да решат:

1. Да не исплаќаат такви плати (хм);
2. Да се откажат од бизнис (малку веројатно имајќи ја предвид релативно ниската - се надевам - разлика во сумата); или;
3. Да најдат алтернативен начин за исплаќање на сумите над 90К.

Во секој случај, ризикот е дека ќе се потрошат значителни ресурси (од страна на фирмите) на изнаоѓање начини за да се избегне зголемувањето на трошоци.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5027 на: 09 Ноември 2018, 14:05:02 pm »
@Van си се запрашал ли некогаш нешто у тоа главата или си тераш сопствени филозофии за секоја можна тема? Како можеш и за даноков да лупеташ се и сешто (уште сега те предупредувам да не ми наметнуваш мислења што и како ЈАС мислам за овој чекор на владава)?
Знаеш што е класна еднаквост? Како се постигнува тоа? Како функционира даночен систем на социјално наједнаквите земји? Знаеш колку и ЗОШТО кошташе рено клио 1.2 во 2005та во Данска?

пс. Не ми договори за субвенциите за клими, како побогу тоа е ДОБРА ИДЕЈА???

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5028 на: 09 Ноември 2018, 14:15:29 pm »
Ајде од почеток.

Даноков што се воведува опфаќа луѓе со примања  над 90к денари и се оданочува разликата. Ако зима 100к плата, 90к ќе се оданочат како што си постои сега а останатите 10к се оданочуваат троа повеќе. Но во апсолутни бројки по лице како единка тоа се неминорни цифри, односно станува збор за 200-300 денари повеќе трошоци. Проблемот е поголем за фирмите реално што исплаќаат такви плати, а не за вработеното лице што зима 1500 евра плата.

Јасно ли е сега? 




Све фино лепо искажано, но има една мала заебанција. Ако годишниот прилив премине одредена сума (мислам 15к или 17к евра), ондак на сето тоа се плаќа плус 18% ддв. Така да, од муабет што праев деновиве со програмери што работат у Македонија и до сега плаќаа 10% на фриленс прилив, сега ќе им се собере скоро 36% на целосниот прилив.

Малце се зезнале владава со оваа мерка. Програмерите, што ги има многу и доста познавам, способни дечки што успеале да работат за странци и да внесуваат големи пари во Македонија, ќе им исчезнат од досегашен прилив на данок. Ќе им успееше оваа мерка пред 20 години, кога не постоеја виртуелни сметки и триста останати заебанции. Познавам луѓе што месечно си идат на викенд до Косово и се враќаат со плата у кеш и 0% данок во Македонија.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5029 на: 09 Ноември 2018, 14:28:24 pm »
Значи проблемот според твојот пример постои и сега пошто некои зимаат плата кеш во Косово со цел изебегнување на даноци. Дали тие 18% плус за над некоја си годишно сума се платени од работодавачот или на сметка на вработениот? Ако правиме муабет за програмери што се вработени самите ондак друга е прикаската.

edit
над 1.080.000 мкд односно 17.500 евра се плаќа персонален данок од 18%

ако програмерот заработува 200.000мкд  месечно ќе плаќа на 90к исто како што сега данок, а на останатата сума ќе плаќа 18% данок.
« Последно менување: 09 Ноември 2018, 14:37:34 pm vlatko.klp »

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5030 на: 09 Ноември 2018, 14:33:17 pm »
Чекајте малку другари.

Еве ви на писмено кои се измените.

Прочитајте, па после да продолжиме со дискусија.

п.с. документот е веродостоен и изготвен од консалтинг компанија, и информациите се 100% веродостојни.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5031 на: 09 Ноември 2018, 14:39:13 pm »
Абе каква дискусија, саламата до каде е? Збеснав.....

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5032 на: 09 Ноември 2018, 14:58:02 pm »
Даноков што се воведува опфаќа луѓе со примања  над 90к денари и се оданочува разликата. Ако зима 100к плата, 90к ќе се оданочат како што си постои сега а останатите 10к се оданочуваат троа повеќе. Но во апсолутни бројки по лице како единка тоа се неминорни цифри, односно станува збор за 200-300 денари повеќе трошоци. Проблемот е поголем за фирмите реално што исплаќаат такви плати, а не за вработеното лице што зима 1500 евра плата.

Јасно ли е сега?

Не знам зошто објаснуваш нешто што е јасно, и што никој не кажа дека не е јасно.
Јас останувам на тоа што го реков: Секое покачување на даночењето на личниот приход е лошо. Сеедно што фирмата ќе го плати а не работникот директно. Фирмата е таа што треба да работи профитабилно за доброто на газдите и за за доброто на работниците - не да работи за доброто на социјалните корисници и паразити (и за клептократите кои сакаат да заработат гласови на ова). Сега е мала сумата, за да нема многу бунење. Утре процентот ќе се покачи ама фалусот веќе влегол во анусот. Убаво ти илустрирав поназад за „абе само главчето ма“.
И не земаат сите плати од фирма (која треба да го плати покачувањето на данокот). Повторно, ова може да го брани само некој нема три чисти.


Еве ти подолу еден добар пример како сето ова ќе биде антипродуктивно за државата:
(освен можеби за тие што ја водат државата и се надеваат на повеќе гласови од џаболебарите гласачи).
Така да, од муабет што праев деновиве со програмери што работат у Македонија и до сега плаќаа 10% на фриленс прилив, сега ќе им се собере скоро 36% на целосниот прилив.

Малце се зезнале владава со оваа мерка. Програмерите, што ги има многу и доста познавам, способни дечки што успеале да работат за странци и да внесуваат големи пари во Македонија, ќе им исчезнат од досегашен прилив на данок. Ќе им успееше оваа мерка пред 20 години, кога не постоеја виртуелни сметки и триста останати заебанции. Познавам луѓе што месечно си идат на викенд до Косово и се враќаат со плата у кеш и 0% данок во Македонија.

Нормално дека луѓето ќе гледаат да си најдат чаре. Исто или слично ќе биде и со многу други професии. Добар пример е тој со Жерар Депардје, кога се откажа од француско државјанство и си побара државјанство во држава каде не се плаќа скалест данок на личен приход.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5033 на: 09 Ноември 2018, 14:58:58 pm »
Аха, значи се зголемува и за пензиско и здравствено... пошто не е многу спомнато, можеби дека мал процент.
Мал мал, ама си повлеквит :)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4019
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5034 на: 09 Ноември 2018, 15:10:42 pm »
Милионите потрошени во стиропор, бродој и глупи мостови мора да се вратат
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5035 на: 09 Ноември 2018, 15:13:07 pm »
Ајде од почеток.

Даноков што се воведува опфаќа луѓе со примања  над 90к денари и се оданочува разликата. Ако зима 100к плата, 90к ќе се оданочат како што си постои сега а останатите 10к се оданочуваат троа повеќе. Но во апсолутни бројки по лице како единка тоа се неминорни цифри, односно станува збор за 200-300 денари повеќе трошоци. Проблемот е поголем за фирмите реално што исплаќаат такви плати, а не за вработеното лице што зима 1500 евра плата.

Јасно ли е сега? 




Све фино лепо искажано, но има една мала заебанција. Ако годишниот прилив премине одредена сума (мислам 15к или 17к евра), ондак на сето тоа се плаќа плус 18% ддв. Така да, од муабет што праев деновиве со програмери што работат у Македонија и до сега плаќаа 10% на фриленс прилив, сега ќе им се собере скоро 36% на целосниот прилив.

Малце се зезнале владава со оваа мерка. Програмерите, што ги има многу и доста познавам, способни дечки што успеале да работат за странци и да внесуваат големи пари во Македонија, ќе им исчезнат од досегашен прилив на данок. Ќе им успееше оваа мерка пред 20 години, кога не постоеја виртуелни сметки и триста останати заебанции. Познавам луѓе што месечно си идат на викенд до Косово и се враќаат со плата у кеш и 0% данок во Македонија.
Се плаќа ддв 18% ако имаш приход над 1 мил денари годишно т.е. ќе му дојде како двојно оданочување. НО, тој важи за приходи од кирија, договор на дело, членство по одбори, хонорар итн. НО НЕ и за редовна плата. Односно ако зимаш редовна плата во фирма од 2.000 евра месечно ти нема да платиш ддв иако твојот приход е над 1 мил денари годишно. Тоа што некои програмери работтат фриленс затоа идат во косово да си земаат плата :). Ониe програмери што работат во фирми ова воопшто не ги задира, освен нели новиов данок што е смешка во апсолутна бројка во денари како додатен трошок.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5036 на: 09 Ноември 2018, 15:24:23 pm »
Знаеш што е класна еднаквост? Како се постигнува тоа? Како функционира даночен систем на социјално наједнаквите земји? Знаеш колку и ЗОШТО кошташе рено клио 1.2 во 2005та во Данска?

пс. Не ми договори за субвенциите за клими, како побогу тоа е ДОБРА ИДЕЈА???

Класна еднаквост??
Чекај бе нели помина времето на комунизмот. Нели сакавме запад и капитализам?  ;D


Цитат
Не ми договори за субвенциите за клими, како побогу тоа е ДОБРА ИДЕЈА???

Прво, јас сум за целосни решенија. Такво решение е гасификација на секој дом, достапност на градско централно греење, и целосна забрана на горење дрва.

Јас не сум за половични мерки како субвенционирање на се и сешто, на местото на некое реално сеопфатно решение. Но ако зборуваме за субвенционирање на нови автомобили за да се намали загадувањето на воздухот - секако дека ќе кажам дека се работи за ретардирана идеја чија единствена намена е профит за големите увозници на нови аута (и потоа донации за партијата, а ако не и во џебот на одредени фаци).

За намалување на загадувањето на воздухот, субвенционирање на клима уреди би било нешто многу поефикасно, затоа што едно ќумбе загадува повеќе од 1000 автомобили.
- Тоа едно ќумбе би се заменило со клима уред кој кошта накај 500 евра. Субвенцијата би била, да речеме 100 евра или 20% од цената на климата од 500 евра.
- Наспроти тоа еден автомобил 20% би бил субвенциониран со колку? На пример 4.000 евра за автомобил од 20.000 евра?

Излегува дека за да има еднаков ефект како замената на едно ќумбе со клима уред, треба да се заменат 1000 автомобили. Затоа што нели - едно ќумбе загадува повеќе од 1000 автомобили.
Следствено со субвенционирање на 1000 аута, со по 4.000 евра за автомобил... Тоа се 4 милиони евра за учинок како од 100 евра субвенција на замена на едно ќумбе со еден клима уред за греење. И тоа под услов новите автомобили да не загадуваат ништо, како што една клима не загадува ништо.

Се разбира, сето ова се претпоставки колку би била субвенцијата за нов автомобил. Но тоа погоре е добар показател за илустрација  КОЛКУ ПОДОБРО БИ БИЛО ДА СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ КЛИМА УРЕДИ. Но сеопфатното и целосно решение е да се гасифицира секое едно домаќинство, и да се забрани горење на дрва. Но субвенционирање на нови аута е ретардирано глупа идеја, ако изговорот е намалување на загадувањето на воздухот.


Цитат
@Van си се запрашал ли некогаш нешто у тоа главата или си тераш сопствени филозофии за секоја можна тема? Како можеш и за даноков да лупеташ се и сешто (уште сега те предупредувам да не ми наметнуваш мислења што и како ЈАС мислам за овој чекор на владава)?
Приметуваш како упорно во многу разни дискусии секогаш зборуваш за мене. Не за работите кои ги пишувам?
Тебе баче треба да те постават во речник, како илустрација за лошо дискутирање и за ад хоминем.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5037 на: 09 Ноември 2018, 15:28:01 pm »
..

Да, само таргет група ми беа програмери што земаат хонорар(пошто нели, авторско право е програмот) над 2-3 илјади и до сега беа задоволни да плаќаат 200-800 евра или 10% данок. Од сега, кога ќе ги оданочат комплет, се на се доаѓа над 30% и разликата што ќе ја дава за данок (што може да изнесува од преку 1200 евра), ќе размислат дали се исплаќа да плаќаш толкава сума на пари во држава што ти треба врски за да обновиш една лична карта.

Поентата е дека не знам колку ќе успеат да ги оданочат овие луѓе, што успеале у Македонија да примаат европски плати.


Нормално дека луѓето ќе гледаат да си најдат чаре. Исто или слично ќе биде и со многу други професии. Добар пример е тој со Жерар Депардје, кога се откажа од француско државјанство и си побара државјанство во држава каде не се плаќа скалест данок на личен приход.

Апсолутно дека ќе најдат начин. Моја роднина до сега примаше 60% од плата во Македонија ради таа мерка од 10%, остатокот во европска земја каде што и живее. Сега размислува комплетно да врши исплата надвор од Македонија.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5038 на: 09 Ноември 2018, 15:30:15 pm »
Уште една мерка за да ги избркаат и поуспешните во општеството. Long Life Државна администрација

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #5039 на: 09 Ноември 2018, 15:30:52 pm »
Прво, јас сум за целосни решенија. Такво решение е гасификација на секој дом, достапност на градско централно греење, и целосна забрана на горење дрва.

Јас не сум за половични мерки како субвенционирање на се и сешто, на местото на некое реално сеопфатно решение. Но ако зборуваме за субвенционирање на нови автомобили за да се намали загадувањето на воздухот - секако дека ќе кажам дека се работи за ретардирана идеја чија единствена намена е профит за големите увозници на нови аута (и донации за партиите).

ЛИКЕ