Знаеш што е класна еднаквост? Како се постигнува тоа? Како функционира даночен систем на социјално наједнаквите земји? Знаеш колку и ЗОШТО кошташе рено клио 1.2 во 2005та во Данска?
пс. Не ми договори за субвенциите за клими, како побогу тоа е ДОБРА ИДЕЈА???
Класна еднаквост??
Чекај бе нели помина времето на комунизмот. Нели сакавме запад и капитализам?

Не ми договори за субвенциите за клими, како побогу тоа е ДОБРА ИДЕЈА???
Прво, јас сум за целосни решенија. Такво решение е гасификација на секој дом, достапност на градско централно греење, и целосна забрана на горење дрва.
Јас не сум за половични мерки како субвенционирање на се и сешто, на местото на некое реално сеопфатно решение. Но ако зборуваме за субвенционирање на нови автомобили за да се намали загадувањето на воздухот - секако дека ќе кажам дека се работи за ретардирана идеја чија единствена намена е профит за големите увозници на нови аута (и потоа донации за партијата, а ако не и во џебот на одредени фаци).
За намалување на загадувањето на воздухот, субвенционирање на клима уреди би било нешто многу поефикасно, затоа што
едно ќумбе загадува повеќе од 1000 автомобили.
- Тоа едно ќумбе би се заменило со клима уред кој кошта накај 500 евра. Субвенцијата би била, да речеме 100 евра или 20% од цената на климата од 500 евра.
- Наспроти тоа еден автомобил 20% би бил субвенциониран со колку? На пример 4.000 евра за автомобил од 20.000 евра?
Излегува дека за да има еднаков ефект како замената на едно ќумбе со клима уред, треба да се заменат 1000 автомобили. Затоа што нели -
едно ќумбе загадува повеќе од 1000 автомобили.
Следствено со субвенционирање на 1000 аута, со по 4.000 евра за автомобил... Тоа се 4 милиони евра за учинок како од 100 евра субвенција на замена на едно ќумбе со еден клима уред за греење. И тоа под услов новите автомобили да не загадуваат ништо, како што една клима не загадува ништо.
Се разбира, сето ова се претпоставки колку би била субвенцијата за нов автомобил. Но тоа погоре е добар показател за илустрација КОЛКУ ПОДОБРО БИ БИЛО ДА СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ КЛИМА УРЕДИ. Но сеопфатното и целосно решение е да се гасифицира секое едно домаќинство, и да се забрани горење на дрва. Но субвенционирање на нови аута е ретардирано глупа идеја, ако изговорот е намалување на загадувањето на воздухот.
@Van си се запрашал ли некогаш нешто у тоа главата или си тераш сопствени филозофии за секоја можна тема? Како можеш и за даноков да лупеташ се и сешто (уште сега те предупредувам да не ми наметнуваш мислења што и како ЈАС мислам за овој чекор на владава)?
Приметуваш како упорно во многу разни дискусии секогаш зборуваш за мене. Не за работите кои ги пишувам?
Тебе баче треба да те постават во речник, како илустрација за лошо дискутирање и за ад хоминем.