Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2377092 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4860 на: 23 Октомври 2018, 09:27:09 am »
А ти се чувствуваш повреден што сите што се паметни отишле надвор? Само глупите останале во земјава? ;D

Ајде овака, кого и да прашаш дали е во ред да плукаш на улица ќе ти кажат дека не е во ред, за во следниот миг истото да го направат, знаејки дека најверојатно ќе поминат неказнето. Затоа споро мрдаме напред.
Тоа ти е одговорот, зошто на мнозинството му одговара постоечката општествено-политичка состојба.

ПС
Никаде не се спомна дека мнозинството по дифолт значи администрација :)
Воздржи се од извртувања, додавања, одземања...
Тоа е карактеристика на партиските војници!

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4861 на: 23 Октомври 2018, 09:33:03 am »
Не може да биде им добро со 20 до макс 30 илјади, сеедно што се пари без пот. Да тоа е повеќе е од тие што го немаат ни тоа, но како да го завртиш работите тоа не се доволно пари за нормален живот. Некои од нив го разбираат ова но немаат друг избор. Поголемиот дел од нив не го разбираат ова. Задоволни се од тоа, затоа што се мрзливи и неуки. Не разбираат и дека утре ако (кога) ќе се свртат работите, дека ќе останат без клати врата зимај плата работата, и дека тогаш конечно ќе треба нешто вистински да сработат за да заработат. На жалост тогаш многу од нив ќе угинат како паразити кои остануваат без домаќин, вошки кои некој со чешел за вошки ги исчешлал од вошливата коса.

Во равенката ги забораваш неофицијалните приходи од рушвети, рекет и злоупотреба на службената положба. Тоа се случува од обичен вратар, па се до најгорните “водачи“ на државата и народот. Кој како се намести на било каква позиција, првото нешто што го прави е создава терен да не работи ништо и создава врски помеѓу веќе-постоечките вработени како да цицаат некој трет. Врз база на тие врски создаваат паралелен систем кој не е базиран на меритократија туку во основа е една “мафијашка“ дружина базирана на взаемен финансиски интерес испреплетен со постојана демонстрација на моќ кон обичниот човек. И доаѓаш до момент кога тој човек си вади виза/ЕУ пасош и кажува:“Ок најсилни сте, најдобри сте, најпаметни сте. Останете си со здравје, од мене толку“.

И патем, мнозинството од народот не работи во админстрација. Тезата на Луки е погрешна, тоа е лесно проверливо со статистички податоци. Луки е малку необјективен кога вака сака да верува дека сите што вределе избегале надвор од државата, а мнозинството што останале се на државна цицка.
Неретко варијации од ова слушам од иселеници. Ок, од нивна перспектива можеби така изгледа... Само изгледа дека малку се губи перспективата со иселување надвор.

Извади ја статистиката на исселени, извади ја статистиката за растот на различните економски гранки на Македонија, извади ги фирмите кои прават најголем извоз/вредност во Македонија. Ќе видиме кои имаат директна државна помош со кеш, кои имаат “неофицијална државна помош“ во име на дозволи и добивање тендери.

пс. Друго, знам дека мојата реченица за професионалци и луѓе со вештини ја интерпретираш погрешно (моја претпоставка е поради твојот светоглед дека си просветлен повеќе од другите).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4862 на: 23 Октомври 2018, 10:14:08 am »
Ми се расипа кафематот, 12 обични штравчиња и 2 штравчиња со 3. Глупост...

Бигор гарант. Извади цефките и бољерчето и провери ги.

Барам од тие триаголник штрафцигер за да го отворам без кршење.

Иначе грее добро се, само тој лизгачот што е за пена изгледа се расипа и одма прска притисок, како да е отворен цело време.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4863 на: 23 Октомври 2018, 10:23:45 am »

@Luki Junior прилично иронично е кога некој постојано те интепретира погрешно (веројатно намерно), и потоа на крај ќе ти каже: „интерпретираш погрешно“. 

А ти се чувствуваш повреден што сите што се паметни отишле надвор? Само глупите останале во земјава? ;D
...
Воздржи се од извртувања, додавања, одземања...
Тоа е карактеристика на партиските војници!
Jaс чуствувам како да ти зборувам на некој јазик од кој не разбираш ни збор од кажаното. Или е тоа, или (лошо) тролаш. Истово важи за другите како Луки а посебно мармаладот. Како и да е, нема перспектива од муабетов.

Да резимирам, и ова за мене не е ни извртување, ни додавање, ни одземање, ова е како јас ве доживувам некои од вас овде. Според вас сите најпаметни и најспособни избегаа од државава, остана само баграта. Државава е за никаде, ете мармаладот кажа и дека луѓето се „говна од луѓе“. Се е црно, најцрно.

Јас делумно ќе се согласам дека многу што е црно, и дека има и гомна од луѓе (посебно на власт). Но кога за вас овде се е најлошо а таму на западо е се најдобро... Ме интересира што се замарате со Македонија и со македонски форуми? Човек би рекол дека повеќе од времето на нет би сакале да го поминувате на подобри, западни сајтови и форуми? М’хм?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4864 на: 23 Октомври 2018, 10:43:05 am »
Ајде запрашај се, како можев веднаш да разберам што сака Луки да каже?
Не беше мое да ти напишам експлицитно, но ете, и он се потруди да ти дообјасни во последниот пост.

Имаш интересни размислувања, убаво е да се прочитаат твоите видувања, успеваш некаде да ја допреш поентата, некаде ја пропушташ...
Но, таму каде ќе ја пропуштиш, од петни жили се трудиш да аргументираш во своја полза докажувајки дека си во апсолутно право.
Доблесно е да признаеш дека некаде не си доразмислил, или погрешил, никој не е совршен ;D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4865 на: 23 Октомври 2018, 10:56:42 am »
Но, таму каде ќе ја пропуштиш, од петни жили се трудиш да аргументираш во своја полза докажувајки дека си во апсолутно право.
Се разбира дека никој не е совршен, но јас сметам дека во случајов едноставно не ме разбираш. Во кој случај не ми е чудно зошто нешто што не го разбираш го доживуваш како „од петни жили се трудиш да аргументираш во своја полза докажувајки дека си во апсолутно право“.

Барам од тие триаголник штрафцигер за да го отворам без кршење.

Друже ако сакаш да се замараш да дојдеш до кај мене, имам на работа такви Y битови, можам претходно да ги земам дома и да завршиме работа. Проблемот е што често штрафовите ги ставаат во долги вдлабнати цилиндри, и внатре не го собира држач-штрафцигерот со битот (подебели се од тие цилиндрестите вдлабнатини).

Пошто ваквите често Y штрафови често ги употребуваат во разни уреди, не ти е лоша идеја да си пазариш еден Y штрафцигер. Ќе ти се наоѓа.
На пример еве ти овде за $0.75, пази само да одбереш Y type:
https://www.aliexpress.com/item/SWDPORT-Torx-T8-T9-T10-Slotted-Philips-Y-Type-3-0-Screwdriver-Magnetic-Repair-Xbox-360/32903924234.html
Пази само величината да одговара, ова треба да е 3мм.

Еве и 3 бита за $1.77:
https://www.aliexpress.com/item/Broppe-3pcs-25mm-Y1-Y2-Y3-Y-Shaped-Screwdriver-Bits-1-4-Inch-Hex-Shank-Electroplating/32888159704.html
Само како што реков, битовите често не ги собира ако штрафот е во вдлабнатина.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4866 на: 23 Октомври 2018, 11:43:45 am »

Ќе побарам денес, ако не се снајдам ако можеш да помогнеш е супер, додека дојдат од али.
Длабочината е околу 2cm.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4867 на: 23 Октомври 2018, 11:54:46 am »
Ќе побарам денес, ако не се снајдам ако можеш да помогнеш е супер, додека дојдат од али.
Длабочината е околу 2cm.

Ширината е поважна. :)
Измери ширина во мм. Ако е доволно широко за да влезе штрафцигерот со битот внатре во него, тогаш ќе завршиме работа. Јас сум утре на смена, ќе измерам колку е широк штрафцигерот и таман ќе го земам со мене ако ја бива ширината.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4868 на: 23 Октомври 2018, 22:08:35 pm »
Ајде запрашај се, како можев веднаш да разберам што сака Луки да каже?
Не беше мое да ти напишам експлицитно, но ете, и он се потруди да ти дообјасни во последниот пост.

Имаш интересни размислувања, убаво е да се прочитаат твоите видувања, успеваш некаде да ја допреш поентата, некаде ја пропушташ...
Но, таму каде ќе ја пропуштиш, од петни жили се трудиш да аргументираш во своја полза докажувајки дека си во апсолутно право.
Доблесно е да признаеш дека некаде не си доразмислил, или погрешил, никој не е совршен ;D

Ван да признае дека погрешил........ ;D ;D ;D Interesting. Unbelievable. Има еден виц во врска со тоа, иде вака:

Пеле, Марадона и Панчев отишле кај Господ да го прашат кога нивната репрезентација ке освои Светско првенство.
Прв Пеле прашал кога Бразил ке освои Светско првенство и Господ му рекол за 10 години и овој почнал да плаче оти немало да живее толку.
тор Марадона прашал кога Аргентина ке освои Светско првенство и Господ му рекол за 20 години и овој исто почнал да плаче оти немало да живее уште толку.
И последен отишол Панчев и го  прашал кога Македонија ке освои Светско првенство и Господ почнал да плаче.
Панчев го прашал зошто плаче и Господ му рекол:
-Тоа ни јас нема да го дочекам!
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4869 на: 23 Октомври 2018, 22:17:15 pm »
wtf e so javata...ne mozam da gledam filmovi...na forumov kade sto objavuvate nesto prazno mesto samo kaj mene e prikazanp... :-\

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4870 на: 24 Октомври 2018, 09:46:17 am »
@Luki Junior прилично иронично е кога некој постојано те интепретира погрешно (веројатно намерно), и потоа на крај ќе ти каже: „интерпретираш погрешно“. 

Јас тебе те разбирам и знам што сакаш да кажеш. Само најчесто не се согласувам со твоите ставови и самопрогласената титула на “просветлен“ најчесто ти пречи во интерпретацијата на размислувањата на другите. Патем, ако погледнеш низ историјата на нашите дискусии, еден од нас нон-стоп извртува. (А то ни сам ја, оооооо... Џуле Ван Гог). А за црно-белата интерпретација (“или си со нас, или си против нас“, “или џа-или-бу“) воопшто и да не коментирам затоа што не знам од каде ти е таа навика да ставаш туѓи зборови во моја уста/мои прсти. Иако реално, не ми смета што дискутираш/разговараш така, затоа што на крај краеви, твоја глава, твој живот, твое гледиште, твое право.

Да резимирам, и ова за мене не е ни извртување, ни додавање, ни одземање, ова е како јас ве доживувам некои од вас овде. Според вас сите најпаметни и најспособни избегаа од државава, остана само баграта. Државава е за никаде, ете мармаладот кажа и дека луѓето се „говна од луѓе“. Се е црно, најцрно.

Никаде не реков најпаметните и најспособните избегале. Да се самоцитирам.

Цитат
Мнозинството на квалификуван кадар со добри вештини и професионални способности си го кажува своето. Се исселува. Другите нека го дрват до недоглед
Цитат
[...] знам дека мојата реченица за професионалци и луѓе со вештини ја интерпретираш погрешно[...]

Како што можеш да прочиташ, зборувам за професионалци кои имаат добри вештини. Никаде не реков најспособни и најпаметни. Тврдиш дека ме читаш и разбираш нон-стоп. Освен во дискусии за коли, возење и постови во кои оставам поголем изблик на емоции, дали имаш лично ти од мене прочитано реченици во кои јас користам силни зборови, проткаени со придавки и суперлативи? Еве, наврати се наназад низ постовите и анализирај ги дали ќе најдеш многу придавки и суперлативи... Но, ако пројдеме низ твоите постови и текстови ќе ги најдеме тие стилски елементи. Затоа што сите “просветлени“ зборуваат на тој начин. Со придавки и суперлативи во позитивна и негативна конотација. Можеби ти имаш искрени идеи, можеби си и паметен и супер дечко. Уште повеќе е за почит што пробуваш да се информираш и да проникнеш повеќе во суштината на животот, општествените уредувања, влијанијата на исток-запад, тековите на политичка сила. Ама... се додека зборуваш како “демагог“ со некоја доза на надвишен интелект, во најголем дел од времето ќе имаш проблем со “иронијата на неразбраноста“.

Јас делумно ќе се согласам дека многу што е црно, и дека има и гомна од луѓе (посебно на власт). Но кога за вас овде се е најлошо а таму на западо е се најдобро... Ме интересира што се замарате со Македонија и со македонски форуми? Човек би рекол дека повеќе од времето на нет би сакале да го поминувате на подобри, западни сајтови и форуми? М’хм?

Ниту знаеш кој сум, што работам, а уште помалку каде членувам, дискутирам и/или пишувам. Македонија на мене ми е родната грутка и во неа јас лично имам инвестирано многу време, енергија и пари. Од друга страна, ова е автомобилски форум, кој не би требало да има национални граници и/или национална конотација. Но ете гледаш, сепак не било така. А тоа некој што би рекол, е негова работа. Кој како и на што си го троши времето е исто така лична работа.

пс. Болдираното е црно-белиот став што го посочувам погоре. Ако некогаш сум кажал нешто во позитивно светло за западот е дека бројот на можности за успевање е неограничен. Сѐ друго е мотивација, труд, квалитети, вештини и малку среќа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4871 на: 24 Октомври 2018, 14:13:45 pm »
Утепа го бато...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4872 на: 24 Октомври 2018, 17:30:57 pm »
Длабочината е околу 2cm.

Ширината делот со битот е 1 сантиметар (лево на фотографијата), битот „ѕирка“ 1.5см од холдерот/штрафцигерот.
Измери и кажи ако е дупката широка барем 1 сантиметар, да го земам алатот дома и да завршиш работа.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4873 на: 24 Октомври 2018, 22:15:03 pm »
Ми се расипа кафематот, 12 обични штравчиња и 2 штравчиња со 3. Глупост...

Бигор гарант. Извади цефките и бољерчето и провери ги.

Барам од тие триаголник штрафцигер за да го отворам без кршење.

Иначе грее добро се, само тој лизгачот што е за пена изгледа се расипа и одма прска притисок, како да е отворен цело време.

Професионален ли апарат имаш?

Апаратчето за мерење бари колку ти покажува? Ти го гореше ли кафето пред да почне да протекува? Имаш ли мелница за кафето или патрони купуваш? Ако можам да ти помогнам, имам на времето работено со кафемати, ги сервисирафме па по нешто знам. Ако можам да ти помогнам зошто сервисот е изгор.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4874 на: 25 Октомври 2018, 09:38:34 am »
Заборавив да пишам. Не најдов штрафцигер, и вечерта се изнервирав и со бормашина го скинав штрафот кај главата :)

Обичен кафемат е, мал, од Лидл. Не е со патрони, се става мелено кафе.

Мислам дека тој лизгачот над садот за вода е расипан/заглавен, затоа што одма прска тоа за пена цевчето.