Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2382320 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4485 на: 04 Октомври 2018, 15:51:08 pm »
Така некако.

А и немаме мотивирана секта да ги стрела бавно, по двајца на секои 15 минути.
Мене, најголем внатрешен непријател ми се типчиња од калибарот на градоначалникот на Новосело таун, и тајфата што го "осуди", на таа "казна".

Таквите не доведоа до ова дереџе, и ако се продолжи во иста насока, не гледам перспектива.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4486 на: 04 Октомври 2018, 15:54:34 pm »
Таквата багра се блиските соработници на двете партии за кои упорно се гласа. Таквите си го работат тоа за што се поставени да го работат, и ќе го работат истото тоа (читај: ќе се занимаваат со криминал) се додека ги гласате наведените две партии. На некои следни избори бесот против актуелната партија на власт (едната од двете кои упорно ги гласате), ќе направи да „заборавите“ што правела другата партија и ќе гласате за нив. За да ги „казните“ овие што сега се на власт. И така во круг.

Се обложувам дека барем понекогаш седнуваат заедно да ни се смеат какви овци сме.  ;D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4487 на: 04 Октомври 2018, 16:27:38 pm »
Почитувани Дами и Господа во многу странски новински агенции, и некои политички претставници (ќе се препознаат),

Деновиве, или скоро 48 часа, сме бомбардирани од разноразни изјави за референдумот што заврши со среќен исход во Македонија, мојата земја, но исто така и од многу новинарски написи, и политички изјави кои се просто толку далеку од вистината, што е невозможно човек да остане рамнодушен на толку неточности.

Како прво, би сакала да Ви укажам дека јас припаѓам на 2/3 дел на македонски народ кој одби на референдумот да го менува името, и жали што преку уцена се бараше од нас да стигнеме во, да речам, посакуваната ЕУ.

НАТО е аут оф квешчн, барем за мене.

Просто е смешно што во кристално јасна ситуација како нашава, во која Македонците не се откажуваат од себе, од минатото и своето име, заради каприцот и паранојата на нашиот јужен сосед, Вие заслугата за бојкотот ја доделувате на Русија.

Многу ми е жал што ќе Ве разочарам, но целата заслуга за одбивање прекрстување е наша, на Македонците. И верувајте ми, сите ние сме скршени што патот до ЕУ водеше преку ново крштевање, кое се виде дека не ни е прифатливо.

Просто прескапа ни е цената, срамна, понижувачка, бескомпромисна....ван памет.

Сакам да Ви обрнам внимание наместо да се занимавате со рускиот фактор кој беше де факто отсутен во целава проблематика, да му посветите малку должно време на вистинскиот мотив и фактор, и оддадете респект на достоинството и големината на македонскиот народ, за сè што покажавме, во ионака тешката економска и политичка ситуација во која се наоѓаме.

Понатаму, доколку Меркел, Курц, Столтенберг, Могерини, Хан и ред други, беа Руси, ќе беа точни сите написи кои известуваат дека во Македонија имало силно мешање од руска страна.

Јас Ве прашувам, дали се сите наведени, можеби Руси, Ве молам?

Да беа Руси, баш ќе имаше логика текстот за мешање.

Сакам да ги искоментирам и вестите кои објавуваат дека "мнозинството" (1/3) гласачи во Македонија на референдумот се изјаснило дека е ЗА промена на името.

Се прашувам, дали само на третооделенец му е јасно, или навистина требале сите досега да научат дека дропката 2/3 е повеќе од 1/3 !?!

Народ е целото, а не само излезениот дел на избори. Па волјата се брои од сите, фала Богу. Пробавте, а се посрамивте и избрукавте сите коишто се обидувавте да продадете другачија вистина. Not buying it...ама ич.

Просто "воодушевуваат" на некој начин и понатаму упорните обиди на искривување на вистината преку странските гласила. Како на пример, кога денес прочитав дека 1/3 од гласачкото тело е раселено и едноставно не било возможно да се постигне поголема излезеност од добиената во неделата на референдумот. Демек, се' си е таман, и резулатот ветува.

Важи, аха 😀

Ама има и еден друг момент (освен апсурдната бројка на раселени лица), а тоа е фактот што има поставено изборни места во дијаспората, и Господата раселени Македонци доколку посакале, можеле да гласаат.

Само што, за волја на вистината, повеќето не посакале. Бојкотирале. Не прифатиле прекрстување. Ни уцена.

Простете што не одолеав, но за мене беше претешко да се читаат куп невистини за сè што се случува, зборува, слави, очајува, и жали во нашата земја.

Повелете кај нас, и може само да Ви биде мило да се уверите на лице место со колку страст и семожни сили се обидуваме да докажеме правда и нефер игра кон нас од многу посилна/и, помоќна/и земја/и, само поради тоа што се тоа што се, големи и моќни. И НЕ фер.

За крај само ќе додадам дека скокав од радост заради резултатот од Референдумот, и можам само да извикам: Браво Македонци, Браво народе!

Софија

(Авторот не е член на политичка партија, ако и е воопшто битен податоков...нека го има)"

https://off.net.mk/pisma-na-chitateli/neruski-pisma-na-chitatelki
New blood of old school

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14722
  • Пудингот на шоферството
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4488 на: 04 Октомври 2018, 16:33:38 pm »
Uste postojat lugje koi veruvaat vo sozivot so Albancite.Strasno.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4489 на: 04 Октомври 2018, 16:34:04 pm »
Таквата багра се блиските соработници на двете партии за кои упорно се гласа. Таквите си го работат тоа за што се поставени да го работат, и ќе го работат истото тоа (читај: ќе се занимаваат со криминал) се додека ги гласате наведените две партии. На некои следни избори бесот против актуелната партија на власт (едната од двете кои упорно ги гласате), ќе направи да „заборавите“ што правела другата партија и ќе гласате за нив. За да ги „казните“ овие што сега се на власт. И така во круг.

Се обложувам дека барем понекогаш седнуваат заедно да ни се смеат какви овци сме.  ;D
Дефетистички ако се гледа, излегува така, но не губам верба во моќта на мојот глас.
Идеално општество, не верувам дека некаде постои, но тоа не значи дека не треба да го направиме нашево подобро. Единствена алатка е нашиот глас (неконтаминиран со високи политики) и кога одговорните ќе сфатат дека ќе ги стигне казна на наредни избори, ќе внимаваат на своите постапки.
Знам, ќе поминат многу изборни циклуси, сеуште не губам верба, но и они мора да знаат дека кога мнозинството ќе изгуби верба, ѓаволот ја однел шегата.

Се тркаат двајца (факт)
Едниот е прв (факт)
Другиот е последен (факт за тој што ја гледа трката), но може да биде и втор (факт за некој што не ја гледа трката и не знае дека учествуваат само двајца).


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4490 на: 04 Октомври 2018, 16:43:56 pm »
Убаво кажано, но гарант е некој „руски трол“ и оваа Софија... Софија се вика? Абе - гарант Бугарка е (и тоа некоја руска Бугарка)!
Нели Луки, мармалад? Ете ти пак руска вмешаност. Русите се криви!  ;D

Понатаму, доколку Меркел, Курц, Столтенберг, Могерини, Хан и ред други, беа Руси, ќе беа точни сите написи кои известуваат дека во Македонија имало силно мешање од руска страна.

Јас Ве прашувам, дали се сите наведени, можеби Руси, Ве молам?

Да беа Руси, баш ќе имаше логика текстот за мешање.

Сакам да ги искоментирам и вестите кои објавуваат дека "мнозинството" (1/3) гласачи во Македонија на референдумот се изјаснило дека е ЗА промена на името.

Се прашувам, дали само на третооделенец му е јасно, или навистина требале сите досега да научат дека дропката 2/3 е повеќе од 1/3 !?!
Банза, ете некои - за мене вистинити факти (слични како во тој „рускиот текст“). Ти што велиш, точно ли е наведеново @Banzai ?


Единствена алатка е нашиот глас (неконтаминиран со високи политики) и кога одговорните ќе сфатат дека ќе ги стигне казна на наредни избори, ќе внимаваат на своите постапки.
Знам, ќе поминат многу изборни циклуси, сеуште не губам верба, но и они мора да знаат дека кога мнозинството ќе изгуби верба, ѓаволот ја однел шегата.
Баш за тоа цитирано зборувам, но рајата никако да научи. Повторно и повотрно алтернативно ги гласаат истите две партии кои го ебат народот и народното, и државата. Така да, да. Ѓаволот ја однел шегата (не дека било кога беше смешно).





Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4491 на: 04 Октомври 2018, 16:58:17 pm »
Не знам која врска има референдумот и резултатите од него, со начинот на Германија/Западот ја изменаџирале мигрантската криза.

Уште помалку не знам зошто ме споменуваш мене во врска со пишаниците на некојаси Софија која јавно интерпретира некакви работи, а Трендо ги објавил за да читаат други и тие јавно да ги интерпретираат и климаат со глава. Имала мислење, го напишала, некој ќе се попали како мајмун, некој ќе рече види колку убаво зборува и е елоквентна. Некој друг нема ни да го прочита пошто бил на смена 12 саати. Некој трет нема ни пристап до интернет. Некој четврт го боли к*р за што напишала некоја си Софија.

Едно е да знаеш дека Западот и Европа е курва невидена. Друго е да го искористиш тоа знаење на начин на кој ти како единка или како група ќе имаш некаков позитивен резултат (дали мисловен, дали духовен, дали финансиски).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4492 на: 04 Октомври 2018, 17:11:41 pm »
Фората со референдумот беше сите да излеземе кон Европа одеднаш.

Сега ќе треба сите да излагаме поединечно.


Живот.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4493 на: 04 Октомври 2018, 17:37:21 pm »
Фората со референдумот беше сите да излеземе кон Европа одеднаш.

Сега ќе треба сите да излагаме поединечно.


Живот.
kato b'lgari?
« Последно менување: 04 Октомври 2018, 18:00:10 pm RedEco »
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4494 на: 04 Октомври 2018, 17:51:29 pm »
не знам зошто ме споменуваш мене во врска со пишаниците на некојаси Софија која јавно интерпретира некакви работи, а Трендо ги објавил за да читаат други и тие јавно да ги интерпретираат и климаат со глава. Имала мислење, го напишала, некој ќе се попали како мајмун, некој ќе рече види колку убаво зборува и е елоквентна. Некој друг нема ни да го прочита пошто бил на смена 12 саати. Некој трет нема ни пристап до интернет. Некој четврт го боли к*р за што напишала некоја си Софија.
Друже Луки, така ти го искоментира текстот од таа колумната. Нешто регистраторот на доменот бил во Русија, а содржината ја изигнорира пошто тој текст пошто бил од „руски медиум“. Сега те пингав за писмо од рандом Македонка од неруски медиум (ваљда и Трендо не се продаде на Русите, а?), за да ти покажам дека медиумот не мора да се гледа како поважен од содржината која се презентира. Содржината е таа eдна те иста.


Сега ќе треба сите да излагаме поединечно.
Живот.
Абе без галје некои од нас ќе останеме овде, а вас другите со среќа нека ви е.
Тоа е тоа, нели животот дојде.  :-\

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44370
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4495 на: 04 Октомври 2018, 18:18:54 pm »
Фората со референдумот беше сите да излеземе кон Европа одеднаш.

Сега ќе треба сите да излагаме поединечно.


Живот.
kato b'lgari?

Мене тоа ми е планот, ако не го бидува овој народ, ште си отиваме кај братскиот, сштиот :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4496 на: 04 Октомври 2018, 19:53:26 pm »
Друже Луки, така ти го искоментира текстот од таа колумната. Нешто регистраторот на доменот бил во Русија, а содржината ја изигнорира пошто тој текст пошто бил од „руски медиум“. Сега те пингав за писмо од рандом Македонка од неруски медиум (ваљда и Трендо не се продаде на Русите, а?), за да ти покажам дека медиумот не мора да се гледа како поважен од содржината која се презентира. Содржината е таа eдна те иста.

Добро, зошто пак измислуваш работи и ми ставаш зборови во уста, особено зборови што ги немам ниту изговорено, а уште помалку напишано. Златкоа прокоментира за импресумот на веб страницата, јас само направив неколку whois пребарувања на веб страницата, хостингот, фирмата за приватност и на кој холдинг припаѓаат корпорациите/компаниите во чија сопственост е тој медиум. Истото нешто сум го правел и на Think-tank корпорации од САД, Британија, Холандија, Германија, Македонија, Србија, Бугарија. Едноставно сакам да знам кој ми овозможува такви информации на мене како обичен читател. Затоа што, во крајна сметка, никој ништо не дава бакшиш, ниту па финансира извор на размислувања, вести, креира најразлични политики од чиста мира или од човекољубие. Јас ништо не прокоментирав за содржината во колумните и текстовите на таа веб страница. Само посочив дека најверојатно и самата федерација има удел во акциите на таа холдинг корпорација (што најверојатно е и така).

Друго, од кај знаеш дека сум ја изигнорирал содржината, или дека не сум ја прочитал? Или дека не знам за што зборуваат во неа, или каква аргументација користат? Само поради фактот што ништо не прокоментирав за неа, направи цела приказна како сум љуибтел на западот, како сум заслепен, и како не почитувам различно мислење? Дали си сигурен  дека не сум ги прочитал тие статии и дали сум проверил од неколку независни извори конкретно за нивната аргументација дали е тоа така или не? Не сум новинар, ниту филозоф, но со тек на време сум научил како да проверувам извори на информации, било за работи сврзани со мојата професија, техничка или професионална надградба, и за нешта сврзани со моето слободно време и развој на мојот ментален интелект и светоглед. Навистина не знам со која цел тресеш работи од ракав. Многу значење даваш на чкрбаници, а малку значење на активности и дејствување. Тивкото дејствување е многу поопасно отколку лаењето по некакви (квази)-медиуми.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4497 на: 04 Октомври 2018, 20:04:25 pm »
Следниот собир да се формира партија од форумашиве, 3та опција да ги рушиме вмро и сдс, членот дихтунг задолжен за црната кампања, ван портпарол, луки човег во сенка, златко за евроинтеграции

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4498 на: 04 Октомври 2018, 20:37:36 pm »
-+
« Последно менување: 05 Октомври 2018, 20:57:34 pm DarthJe5us »

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4499 на: 04 Октомври 2018, 20:45:24 pm »
Абе јас го пцујам дедо ми.....да не отишол во партизани, сега можда ќе бев „Германец“...а вака сум жртва на копуци, со мали пишала. Фала многу и пријатно.