За среќа или несреќа живееме во Европа каде што горе доле вредностите се слични на овој континент. Муабетов со Арабија шо знам, мене лично ми нема поента али потполно ти ја разбирам потребата да се држиш строго кон своето убедување и да си бараш аргументи во твоја полза.
Втор обид:
Германец кој ја работи мојата работа зима 10.000 евра плата во старт, а можеби и повеќе...
Дали тоа мене ме прави помрзлив и помалку совесен за општо добро или напротив ме прави поцивилизиран и мирољубив бидејќи сум задоволен од работата бидејќи сум свесен како се живее во Кина, Уругувај , Индија и други останати огромни , а сиромашни држави во светот?
Ајде и од мене втор обид.
Не, тебе тоа не те прави помрзлив или помалку совесен. Германецот можеби зима 10.000 евра плата во старт ама тој плаќа 2.000 месечно за кредитот за куќата, 500 за колата, 1000 за децата во приватно школо итн. Е сега разликата е во два дела.
- Германецот може да си приушти да живее послободно, да отиде на одмор и да не му ја мисли многу, да остане добра пара за пензија
- Германецот живее во Германија каде што здравството функцонира, возачката култура е на високо ниво, сигурен си безбедносно и економски, улиците ти се чисти се знае каде може да се гради, каде може да се паркира, функционира правото, може да добие документ од било која институција за било која потреба на време.
За сета тоа да функционира и дојде до тоа ниво, општеството како такво треба да размислува за другите зошто ако така размислуваат сите уствари меѓу себе и директно си помагаат. Ама ти живееш во Ченто, каде што некој пукал, некој трет будала комшија ја турирал колата без усул, сите паркираат на тротоар, пешаците мора да се на улица, врие ѓубре и прашина. Па сигурно германецот не ти е крив што зимаш мала плата и живееш во мизерни услови, или народот околу тебе можеби вклучително и ти самиот си дел од проблемот?
Германецот пред 80 години бил на многу лошо дереџе еве да не кажам економски и безбедносно на очајно ниско ниво. Ама и пред војните како народ (и тие околу нив французи, италијанци, енглези итн). горе долу имале далеку повеќе искуство во историјата со владеење и самото тоа си носи подобар старт. Не сум јас крив или ти што сме родени во Македонија, сепак малце позитивно да гледаме на работите и да си ја бркаме својата работа. Ако ништо друго барем е 2018, пакуј куферите и ела навака, незнам што друго да ти кажам

.