Пред два дена ми се јави еден проблем, на бензин колата тресе кога работи, на волан, на седиште
Обртаите си се мирни, нема варирање.
На плин нема ништо од тоа, си работи супер. Што би можело да биде?
1. расипана е
2. се навикнала на плин
3. немој да ја мењаш за дизел...

прво се почнува со муабетот каква кола имаш, што мотор, па после прашуваш за можни проблеми... никако да го научите ова... ја сега ке ја упалам куглата кристална од баба ванѓа, да детектирам што кола е па да бараме можни грешки...
од она што би било“стандардно“ кај бензинците, во вакви ситуации, на прво место се дизни бензински почнале да горат на врвовите (една од нив повеќе), на второ место е катализатор, на трето место кнок сензор, на четврто место ламбда сонда.. за останатите 6 опции (за да стигнеме до 10), кога ке дознаам што кола е и мотор, ке ти кажам...

ако имаш опција однеси ја на дијагностика, нека ги исчита сите сензори и нивната исправност, можда твојата кола може и дизни да исчита (на некои коли се читаат, на некои не, да знаев што кола е ке ти кажев), и види што ке ти каже мајсторот. ако е со сензори се во ред, купи адитив за чистење бензински дизни, брцни во бензинот, повози само на бензин некои 100-150 километри и првото возење нека не ти биде под 50-60 километри во едно палење и извозување. би требало да се среди ако е до дизни, но не 100% сигурност т.е. да земеш здраво за готово дека ке го решиш со сигурност...