Од една страна ти и татко ти треба да дте тешки хроници за да втерате 300 литри ракија годишно т.е. секој ден да сте камен, од друга страна за 200-500 литри ракија треба да платиш иста лиценца со пивара, или плиближно. Т.е. за производство не сум баш најсигурен ама за продажба сигурно е така. Па во турско плаќале десетарина за алкохол да му се невиди.
Конкретно, дали ми се собира литар ракија на годишно ниво (дали и толку) да испијам. Татко ми, иста приказна. Плус, јас не продавам ракија, си стои во буриња. Како што кажа Симо, ракија си е асет. Ниту вода сака ниту леб. Може само подобра да биде со тек на време.
Конкретно, моментално има стариот дома околу два тона сливи што нит ги сака нашата индустрија, ниту има откуп за јадење, ниту ги сака алкохолната индустрија за да ги направи алкохол. Соберени во гајби, спакувани на темно. За три до пет дена ќе почнат да течат затоа што е благо овошје полно со вода. И најверојатно ќе ги прави ракија, затоа што ги орал, ги прскал, ги кроел, ги средувал, ги обрал, ги наредил во гајби, ги донел дома, и на крај да ги фрли.
Е па нема да ги фрли, ќе си ги свари ракија. Господ нека е на помош за 4-6 недели кога другите 20ина тони сливи ќе стасаат за берба.
...
Знам дека ми ја разбираш маката, ама не можеш да ми помогнеш.