Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2835249 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3195 на: 19 Јуни 2018, 13:47:23 pm »
Човекот несомнено цитира закон и Устав. Тоа што го зборува е секако издржано и аргументирано затоа што цитира закон и Устав. Но, човекот или незнае или не сака да знае дека законите и Уставот што ги цитира не го тангира договорот од Преспа ниту па тој од 1995 во ООН. Толку е проста работата што дури и Иванов нема смелост да излезе јавно и да каже чекајте па нели јас треба да го потпишам договоров?  :)
Прифаќам дека е можно и професор од правен факултет да згреши или да не знае се. Било кој може да згреши (или да лаже). Но потребни се факти и аргументи за тоа тврдење да се докаже или барем покаже.

Ете ајде ти цитирај со кои закони или кои делови од Уставот е можно да се спроведат работите договорени во договорот од Преспа?
Поголем аргумент од тој дека за процеси кои што се водат во ООН се под ингиренции на министерството за надворешни работи нема. Тргнувајќи од овде, навистина не гледам никаква потреба да вадам тука закони или делови од Устав. Што не е јасно? Овој процес не се води помеѓу Македонија и Грција зошто самите така се договориле, се води зошто и ние и тие сме членки во ООН како што се и сите нормални држави во светов.

Значи моменталниов проблем со Апасиев и сличните е тоа што они нив грешката ја гледаат од некаква си техничка природа, демек претседателот мора да се потпише,иначе договорот е против-уставен. Не, ова не е таков договор. Он може да се потпише од кога ќе се изгласа договорот во Собрание потпишан од двата министри, како што е и со секој закон и договор за да се објави во службен весник. Ова никој не го негира. Он може да стави вето, ама вториот пат веќе неможе.

Овој договор е само продолжение на тој од 1995 во кој се додека не се исполнат сите услови од новиов, како што е промена на нашиот Устав и ратификација кај грците, ние си остануваме ФИРОМ во ООН, ФИРОМ во меѓународна употреба и држава без јазик и етничка припадност. Ама внатре сме македонци, Република Македонија и говориме македонски. Еве вака, без емоции отприлика изгледа работата. Сакаш членство во НАТО? Неможе со име Република Македонија. Тоа го знаат сите политичари од 1991. Мнозинството од населението за жал или среќа сака членство во НАТО и ЕУ, и затоа потребата од овој договор. Јебига.

Ако може Брегзит за 1% да се случи тогаш се мнозинство и се почитува нивната волја?. Така и овде. Ако ти, куоре и интер сте против ова, вие треба да разберете дека не сте попаметни или поглупи, напротив, вие сте малцинство и не можете да одлучите затоа што поголем број на луѓе имаат различен став од вашиот. Таква е реалноста, таква е демократијата.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22292
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3196 на: 19 Јуни 2018, 13:48:01 pm »
Од материјал за оваа јас две правам.

Со материјал за оваа јас две правам.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5396
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3197 на: 19 Јуни 2018, 14:26:35 pm »
не гледам никаква потреба да вадам тука закони или делови од Устав. Што не е јасно?
Значи моменталниов проблем со Апасиев и сличните е тоа што они нив грешката ја гледаат од некаква си техничка природа...
Taa „грешка од техничка природа“ се баш законите и Уставот (кои не дозволуваат тек така промена на името на државата). Ама овде тргна работата со игнорирање на законите и Уставот уште со формирањето на актуелната влада, така да веројатно и сега ќе помине работата така со игнорирање на законите и Уставот.

Цитат
Сакаш членство во НАТО?
Не.

Цитат
Мнозинството од населението за жал или среќа сака членство во НАТО и ЕУ
...
Ако може Брегзит за 1% да се случи тогаш се мнозинство и се почитува нивната волја?. Така и овде. Ако ти, куоре и интер сте против ова, вие треба да разберете дека не сте попаметни или поглупи, напротив, вие сте малцинство и не можете да одлучите затоа што поголем број на луѓе имаат различен став од вашиот. Таква е реалноста, таква е демократијата.
Пеки, само почекај прво да видиме на референдум дали мнозинството од луѓето сакаат членство во НАТО и ЕУ. Или и ти си еден од оние кои сметаат дека нема потреба од референдум за такви клучни прашања за државата, нема потреба да се прашува народот?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3198 на: 19 Јуни 2018, 14:38:11 pm »
Токму така, како што реков пред десетици страни се крева многу врева околу Апасиев, потписот на Иванов а референдумот е уствари најбитен и тој одлучува се.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3199 на: 19 Јуни 2018, 14:56:17 pm »
И со референдумското прашање ќе се направи некоја шашма, игра со зборови...

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1925
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3200 на: 19 Јуни 2018, 15:02:21 pm »
Админи, дали се слушаме?!


  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3201 на: 19 Јуни 2018, 15:07:27 pm »
1. Потписот на Иванов.
2. Референдум треба да има 900.000 излезеност за да помине.
3. Од 900.000 излезени 450.001 треба да гласаат за.
4. Собранието треба 2/3 да изгласа промена на Устав.
5. Собранието на Грција треба да ратификува со 3/5 мнозинство.


И така, 2071ва некаде Март...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3202 на: 19 Јуни 2018, 15:12:28 pm »
Се моли администрација горниов пост да се урами и исто така место реклама од Тошиба да стои ова и да свети до крајов на годинава. Јас ќе финансирам.

1. Потписот на Иванов
2. pending....

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3203 на: 19 Јуни 2018, 15:27:15 pm »
Се моли администрација горниов пост да се урами и исто така место реклама од Тошиба да стои ова и да свети до крајов на годинава. Јас ќе финансирам.

1. Потписот на Иванов
2. pending....
Дај 100€ да го пуштам дисплеј банер преку адвордс

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3204 на: 20 Јуни 2018, 08:29:37 am »
https://time.mk/c/9f82554e7e/zaev-najavuva-impicment-za-ivanov-ako-e-toa-potrebno.html

Нема шкртка врз точка број 1. Си треба потпис од Иванов. Или од следниот Претседател ако има 81 глас во Собрание против Иванов.
« Последно менување: 20 Јуни 2018, 08:40:12 am Deni »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3205 на: 20 Јуни 2018, 08:37:45 am »
Потписов на Иванов на линкот погоре се однесува доколку референдумот помине значи ако волјата на народот е промена на уставно име а Иванов глуми лудило и патриот. А дали ќе помине е најважното прашање.

Правниците по емисии го тупеа дека Иванов требал да биде потписник на самиот договор, а не министри за надворешни и дека договорот не е ратификуван во Собрание доколку Иванов не го потпише.

Шкртката си останува.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3206 на: 20 Јуни 2018, 08:41:02 am »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3207 на: 20 Јуни 2018, 09:57:53 am »
Потписов на Иванов на линкот погоре се однесува доколку референдумот помине значи ако волјата на народот е промена на уставно име а Иванов глуми лудило и патриот. А дали ќе помине е најважното прашање.

Правниците по емисии го тупеа дека Иванов требал да биде потписник на самиот договор, а не министри за надворешни и дека договорот не е ратификуван во Собрание доколку Иванов не го потпише.

Шкртката си останува.

Џабе е се, и референдум и двотретинско да обезбедат без потписот на Хорхе нема промена.



Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3208 на: 20 Јуни 2018, 10:06:51 am »
Ако референдумот помине а Иванов глуми лудило има да го јаде немиен. Ако не помине ондак никому ништо.

Иначе добра песна.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #3209 на: 20 Јуни 2018, 10:14:47 am »
Ако помине, и ако има 81 пратеник, ќе го сменат.

Добри „ако“.