Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 3023332 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9231
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2970 на: 14 Јуни 2018, 13:40:23 pm »
https://off.net.mk/lokalno/razno/makedonija-e-sveto-ime-be-mameto-vashe

МАКЕДОНИЈА Е СВЕТО ИМЕ БЕ, МАМЕТО ВАШЕ!
За многумина единствена цел да се влезе во ЕУ е за да се има цицка за цицање. Ги заболе нив за европски идеали, култура и наследство. Под султан Реџеп би се вратиле ако им вети плата од 1.000 евра (под услов да не се напнуваат за тие пари). Такви склопови, не име, родена мајка би продале. Така што, бар вториот дел од насловот да допре до нив.

Цитат
Како и да е, нека ви е честита светлата иднина во која нема да се сретнеме. Нај, нај, најискрено: со среќа на тој пат!

Дарко

... затоа што имам бугарски пасош и живеам во (рандом држава освен Македонија, по желба на читателите)

Дарко

:)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2971 на: 14 Јуни 2018, 13:41:50 pm »


А дали НАТО или ЕУ ќе се распадне, тоа повторно е нерелевантно. Ова го слушаме декади наназад.



Неможе да не е релевантно, тоа се двете причини зашто се менува името. Воен сојуз со минато какво што има нато не содејствува со геномот на македонецот, империјалистичка сила која врши агресија на независни држави. Еу е ок но да се фатеше возот пред 25 години, по Брегзит и се поголемиот евроскептицизам на постарите членки стварно не гледам логика.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2972 на: 14 Јуни 2018, 13:43:21 pm »
Извадено од колумна од некој што го прочитал договорот во целост:
"Основата на договорот е тоа што во истиот е прецизно утврдено како Грција го толкува и поимува поимот Македонија и македонски, и тоа како ние за нас го толкуваме и поимуваме поимот Македонија и македонски.

– За нив МАКЕДОНИЈА е дел од Хеленскиот антички период и ова е така без дилема, не постои Универзитет во светов кој има поинакво толкување на овој факт. Ние немаме проблем со тоа исто.

– За нас Македонија е нашата земја во која живееле нашите предци, во која живееме ние, со која го идентификуваме нашиот етнички код и сме Македонци и зборуваме на македонски јазик и повторно во Грција немаат проблем со нашето поимување.

– Нашиот идентитет како Македонци, со сите атрибути, јазик, историја, културно наследнство. е затворено поглавје за Грција – за нив официјално сме Македонци и зборуваме македонски јазик.

Се повторувам, но мислам дека морам. Ова е утврдено на хартија официјално, значи не пишувам овде за желба нечија. Ние добивме потврда за терминот „Македонци и македонски јазик“ во договорот кој треба да биде потпишан, а потоа и ратифициран во парламентите на двете држави.

Дополнителни моменти со кои се зајакнува идентитетот:

– Нашата Химна, Грбот и Знамето остануваат какви што се и тука ништо не се менува.

– Во патните документи во графата државјанство/националноста (Nationality) е утврдено да биде „Македонско / граѓанин на Република Северна Македонија“.

– Република Грција по ратификацијата на договорот во нашиот парламент ќе испрати писмо во Брисел со кое укажува дека нема повеќе вето за наше членство во НАТО.

– Македонија во јули 2018 година де факто станува 30-та членка на Алијансата.

– Атина ќе испрати и второ писмо до Советот на министри на Европската комисија, во кое ќе препорача да добиеме датум за отпочнување на преговори за полноправно членство во Европска Унија."


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2973 на: 14 Јуни 2018, 13:49:23 pm »
@Bojan j  Значи и ти го немаш прочитано договорот, туку ми прераскажуваш т.е. копи/пасте муабет на некој рандом што го прочитал. Ајде сега и ти прочитај го, па пак пиши ми
еве ти го текстот преведен https://www.mkd.mk/makedonija/politika/celosen-transkript-od-dogovorot-megju-makedonija-i-grcija
ете хинт - прочитај ја само првата реченица од преамбулата, кај што сме крстени ВТОРАТА СТРАНА. Ни име ни презиме ни ништо. Втора страна може било кој да биде ... почни од тоа па читај си до крај ... или пак постирај ми пак од некој што го прочитал, па си го протумачил како од комитет/партија му рекле дека треба да го тумачи
p.s. @Ipkisija Meskosa  ако некој зема бугарски пасош, тој си прави штета/корист само на себе и на неговите родители што ги пишува дека се бугари, а мене ни штета ни корист ми прави. А кога ќе сменеш име на држава тогаш штетата/користа ќе ја осетиме сите. Тука е разликата меѓу овој договор и смешните финти што се пишуваат по фејзбуци и тн

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1461
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2974 на: 14 Јуни 2018, 13:53:33 pm »
Не боли промената на името толку колку што боли неправдата и газењето, и што голем дел од народот се радува затоа шо мисли дека со наш пасош ќе бегаме(иако за тоа ќе треба да почекаме најмалце 10 години, а за 10 години може ЕУ нема ни да постои), наместо да почнат да се решаваат проблемите. Името нема магично да ги реши проблемите. Наместо да крадат може да се фатат за работа, за почеток.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2975 на: 14 Јуни 2018, 13:55:06 pm »
Другар, ти нема поента тоа што го пиша. Не сум правник, ама во секој договор е исто, има две страни и така понатаму следува текстот. Тоа втора страна сме ние, што е зацементирано со резолуцијата на ОН 47/225 или http://www.un.org/documents/ga/res/47/a47r225.htm.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9231
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2976 на: 14 Јуни 2018, 13:59:37 pm »
@Ipkisija Meskosa  ако некој зема бугарски пасош, тој си прави штета/корист само на себе и на неговите родители што ги пишува дека се бугари, а мене ни штета ни корист ми прави. А кога ќе сменеш име на држава тогаш штетата/користа ќе ја осетиме сите. Тука е разликата меѓу овој договор и смешните финти што се пишуваат по фејзбуци и тн
А ако 798 000 „Македонци“ земат бугарски пасош и притоа достават докумет за бугарско потекло и потврдат дека се осеќаат како бугари?

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2977 на: 14 Јуни 2018, 14:00:24 pm »
@Bojan j Ако во секој договор има две страни, тогаш зошто пишува - грчката република („Прва страна) и Втората страна ??? Која е вторава страна? Ете ако не си правник објасни ми тоа, пошо немора да си правник за да ми објасниш најпроста работа во првата реченица. Проблемот е што грците се и правници и дипломати и многу добро знаат што прават и точно им е измерен секој збор, а не кај нас шупаци кои само за свој џеб мислат.
Ајде чекам објаснување
@Ipkisija Meskosa  И милион да земат бугарски пасош, земјава пак ќе се вика Македонија и тие двајца што ќе живеат тука ќе се Македонци и ќе имаат и историја и континуитет на постоење и се. А ако се викаме Северна Шумадија, тогаш на просторов ќе живеат бугари и северно корејци,шумадијци/шупаци, кои од марс паднале тука па им го спорат правото на бугарите и хелласс и со помош на тито станале привремено македонци за да провоцираат комшии. Се надевам се разбираме сега

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9231
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2978 на: 14 Јуни 2018, 14:02:39 pm »
И мене уште одма тоа ми мавна в очи.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Сузуки Витариче
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2979 на: 14 Јуни 2018, 14:07:57 pm »
Уште кога се потипшуваше првиот договор 1995, во него не стоеше никаде Република Македонија заради тоа што ниту еден грк нема(ше) да потпише таков документ. Од друга страна нашите не сакаа да пишува FYROM. Се најде решение во тоа за РМ да пишува "Втората страна, која беше примена во ООН согласно резолуцијата 47/225" (оваа резолуција ја прати @Bojan j) и во неа е наведено FYROM.
Потпис.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4103
  • MadaFunker
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2980 на: 14 Јуни 2018, 14:09:01 pm »


Да се убацам може ја :D
Онака да си кажам што мислам за ова срање од договор. 
Неможам да разберам како ви е ОК, некој да те натера да смениш име, да се откажеш од малцинство во некоја држава, да ти забранува употреба и симболи по дома.
Глупост и недостоинство во ова пис оф шит што сме го прочитале.

1. Договор помеѓу Хеленската Република (Прва страна) и Втората страна  - WTF барем можеле по референцата да не пишат
2. Името ке биде Република Север Македонија или скратено Север Македонија - не РС Македонија, не С Македонија туку Север Македонија.
3. Националност Македонец/Граѓанин на Република Север Македонија во СИТЕ документи
4. Дополнително ќе се одлучува за комерцијалната употреба на името Македонија/македонско итн.
5. МАкедонија треба да го ратификува, АКО САКА да праи референдум, да го спроведе па да ја извести Грција за таа да го ратификува итн. - Ма немој , во превод (барем за мене) сменете вие се, па кажете ако не сме се премислиле ние дотогаш во врска со договоров.
6. После спроведување НЕ СМЕАТ да се употребуваат Македонија, Р Македонија,... во официјална комуникација.
7. Сите документи и материјали треба да се сменат со новото име во рок од 5 години.
8. Преамбулата и сите членови на УСТАВОТ треба да се сменат кај што стои името Македонија.
9. Се откажуваме од историското наследство на Македонија, терминот Македонци .
10. Не смееме повеќе никаде да го ставаме сонцето од Кутлеш, ни слика ни статуа, никаде.
11. После еден месец од потпишувањето на договоров сите книги, атласи, училишни тетраки ке треба да се сменат.
12. Ако испадне -фрка- со договор надлежен е Интернационалниот Суд на Правдата. - Тој што грција не го почитува.
13. Договор треба да го потпише мнистерот за надворешни. Според нашиот устав вакви договори потпишува претседателот.

Јанлаш сум ја, или вака треба да се разбере овај "договор" ?

ЕДИТ: Ај нонен вие веќе сте распукале со пораки :D
New blood of old school

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2981 на: 14 Јуни 2018, 14:10:13 pm »
Ако еднаш предале интереси нашите во 1995 под измисленaта времена спогодба што ќе трае 6 месеци (тогаш знамето го продадоа и името делумно, сега го допродадоа), а трае 25 години, не значи дека и сега во 21 век треба да предаваш интереси. Инаку ова е многу јако, сега го прочитав - Како ќе се викаат Македонски Брод и Македонска Каменица? :DDDDD

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2982 на: 14 Јуни 2018, 14:11:41 pm »
Затоа што уште не не признаваат по име, ама наведуваат за кој станува збор според ОН резолуцијата.

BTW не сум ни за ни против договоров да бидам искрен, треба да се потумачи подетално и да се стави на кантар што навистина би добиле/изгубиле.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2983 на: 14 Јуни 2018, 14:12:21 pm »
Па кажи каде ја гледаш глупоста во договорот? Може ли конкретно кои делови сметаш дека се недостоинствени итн? Значи да дискутираме а да не се правиме кој е попаметен или кој е поголем патриот. И без иронични постови ви се моља.

Не е крив ВМРО или СДСМ што преку 70% од народот сака интеграција во ЕУ/НАТО. Да не беше така, за кој курац ќе менуваме име на држава?

Ти си македонец и ќе си останеш како и јас и сите што се декларираме како македонци. Така да не се секирај што се бореле прадедовци и дедовци, не било за џабе.



Да се убацам може ја :D
Онака да си кажам што мислам за ова срање од договор. 
Неможам да разберам како ви е ОК, некој да те натера да смениш име, да се откажеш од малцинство во некоја држава, да ти забранува употреба и симболи по дома.
Глупост и недостоинство во ова пис оф шит што сме го прочитале.

1. Договор помеѓу Хеленската Република (Прва страна) и Втората страна  - WTF барем можеле по референцата да не пишат
2. Името ке биде Република Север Македонија или скратено Север Македонија - не РС Македонија, не С Македонија туку Север Македонија.
3. Националност Македонец/Граѓанин на Република Север Македонија во СИТЕ документи
4. Дополнително ќе се одлучува за комерцијалната употреба на името Македонија/македонско итн.
5. МАкедонија треба да го ратификува, АКО САКА да праи референдум, да го спроведе па да ја извести Грција за таа да го ратификува итн. - Ма немој , во превод (барем за мене) сменете вие се, па кажете ако не сме се премислиле ние дотогаш во врска со договоров.
6. После спроведување НЕ СМЕАТ да се употребуваат Македонија, Р Македонија,... во официјална комуникација.
7. Сите документи и материјали треба да се сменат со новото име во рок од 5 години.
8. Преамбулата и сите членови на УСТАВОТ треба да се сменат кај што стои името Македонија.
9. Се откажуваме од историското наследство на Македонија, терминот Македонци .
10. Не смееме повеќе никаде да го ставаме сонцето од Кутлеш, ни слика ни статуа, никаде.
11. После еден месец од потпишувањето на договоров сите книги, атласи, училишни тетраки ке треба да се сменат.
12. Ако испадне -фрка- со договор надлежен е Интернационалниот Суд на Правдата. - Тој што грција не го почитува.
13. Договор треба да го потпише мнистерот за надворешни. Според нашиот устав вакви договори потпишува претседателот.

Јанлаш сум ја, или вака треба да се разбере овај "договор" ?
ДА ТРЕПКА ОВА !!!!!! @Принц  ГОЛЕМ ЛАЈК

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821