Сега баш проверував, постои закон за заштита и благосостојба на животните. Според законот, има домашни миленици кои кога се на јавно место мора да бидат бидат врзани со поводник (маска не прецизира), освен кога се на места за стриктна намена (како паркот за кучиња) тогаш може да бидат и без поводник. Е сега, законот прецизира и опасни раси на кучиња кои покажуваат агресивност и тие мораат да се водат и со поводник и со маска задолжително. Член 27 и 29 ако не се лажам.
Ротвајлерот не ќе да е безопасно куче, така да маска морало да има во паркот, поводник не.
Според ЗППЈРМ маска мора да има.
Од друг аспект гледано, кога се носи некој закон треба истиот тој да се усогласи со веќе постоечката регулатива, во случајов двата закони по кој сопственикот на миленикот може да крка казна не се усогласени. Македонија разбираш.