Да ми посочи некој некоја печатница/принтерница (по можност Карпош, Центар)која ќе испечати 1 лист со лепенки на ПВЦ фолија или некоја слична самолеплива (муфлон, или како и да ја викаат). Конкретно ми треба за лепенчиња за регистарски таблици. На колата на татко ми се избледени скроз на скроз, а случката со Мечето ме подзамисли и не е лошо да се стават лепенчиња.
Вчера се јавив да прашам во една во Карпош 4, на телефон ми кажаа да пратам меил, па сеуште ми немаат вратено, ваљда распишуваат тендер... шала на страна, најверојатно не печатат толку ситен тираж, разбирливо.
Затоа прашувам, случајно некој да не знај некоја таква печатница/принтерница што би испечатила само еден лист...