Мислев дека денот ќе заврши како што почна. Покрај ослободителните пресуди за Латасите, сосема небитни нели, копјата беа насочени кон лигушката Тамара оти не ја научила химната ко што треба, намерно или ненамерно... збирштина од народ кој е подготвен во секој момент да ја запали на клада затоа што тоа е најлошото, најпредавничкото нешто што се случило во историјата наша насушена...
Но тоа не е сѐ! Денот завршува со веста дека некогашниот најекспониран министер за животна ссредина, од пред некој ден министер за што знам какво измислено дрн дрн министерство, од денес станува вицепремиер во владата...
Тоа правевме денес муабет. Заминување од Македонија не е миграција, не е преселба, не е заминување на печалба. Евакуација е!