Човекот несомнено цитира закон и Устав. Тоа што го зборува е секако издржано и аргументирано затоа што цитира закон и Устав. Но, човекот или незнае или не сака да знае дека законите и Уставот што ги цитира не го тангира договорот од Преспа ниту па тој од 1995 во ООН. Толку е проста работата што дури и Иванов нема смелост да излезе јавно и да каже чекајте па нели јас треба да го потпишам договоров? 
Прифаќам дека е можно и професор од правен факултет да згреши или да не знае се. Било кој може да згреши (или да лаже). Но потребни се факти и аргументи за тоа тврдење да се докаже или барем покаже.
Ете ајде ти цитирај со кои закони или кои делови од Уставот е можно да се спроведат работите договорени во договорот од Преспа?
Поголем аргумент од тој дека за процеси кои што се водат во ООН се под ингиренции на министерството за надворешни работи нема. Тргнувајќи од овде, навистина не гледам никаква потреба да вадам тука закони или делови од Устав. Што не е јасно? Овој процес не се води помеѓу Македонија и Грција зошто самите така се договориле, се води зошто и ние и тие сме членки во ООН како што се и сите нормални држави во светов.
Значи моменталниов проблем со Апасиев и сличните е тоа што они нив грешката ја гледаат од некаква си техничка природа, демек претседателот мора да се потпише,иначе договорот е против-уставен. Не, ова не е таков договор. Он може да се потпише од кога ќе се изгласа договорот во Собрание потпишан од двата министри, како што е и со секој закон и договор за да се објави во службен весник. Ова никој не го негира. Он може да стави вето, ама вториот пат веќе неможе.
Овој договор е само продолжение на тој од 1995 во кој се додека не се исполнат сите услови од новиов, како што е промена на нашиот Устав и ратификација кај грците, ние си остануваме ФИРОМ во ООН, ФИРОМ во меѓународна употреба и држава без јазик и етничка припадност. Ама внатре сме македонци, Република Македонија и говориме македонски. Еве вака, без емоции отприлика изгледа работата. Сакаш членство во НАТО? Неможе со име Република Македонија. Тоа го знаат сите политичари од 1991. Мнозинството од населението за жал или среќа сака членство во НАТО и ЕУ, и затоа потребата од овој договор. Јебига.
Ако може Брегзит за 1% да се случи тогаш се мнозинство и се почитува нивната волја?. Така и овде. Ако ти, куоре и интер сте против ова, вие треба да разберете дека не сте попаметни или поглупи, напротив, вие сте малцинство и не можете да одлучите затоа што поголем број на луѓе имаат различен став од вашиот. Таква е реалноста, таква е демократијата.