Од Прилеп беше газдата и од таму тргнавме,тој јас и уште 5-6 други патници.Врнеше,чоекот 50+год и вози 50-60км/х...Добро си викам ај Плетвар лошо...Одиме на граница,ги заборавил документите од приколката,ајде 2 саати чекање да му ги донеси синот од Прилеп.Прајме муабет ова она и му викам како тие планот за возење,ами вика ке возам до вечер до кај 2 па после вика ке преспијам 2-3 саати и ке продолжиме.Ок си велам.
Тргнуваме,Србија вози 80-90км/х...Си прам есапи во глата кога би стигнал на местото(пошо бев последен за носење) со темпото кое го имаше на возење и со сите патници и пакетчиња по пат кои требаше да ги оставиме никако не излегува планот.Поточно наместо сабота да стигниме ке стигневме Недела вечерта негде...Чоекот имаше 6-7луѓе за носење(сите до одредена адреса) и уште толку пакетчиња,плус приколката требаше да ја однеси на друга адреса.
Прајме пред Белград пуш пауза и му викам вака и вака.НЕ ти одбивам од цената ама ке возиме пола пола,додека ти возиш,јас одмарам и обратно.Вика ок.Кажи му викам колку е дозволено со приколката да возам.Ми кажва Србија 110,Унгарија 120-130,Австрија 100,Германија 120...
Почнав да возам од пред Белград,однесовме еден патник Виена,еден пакет во Минхен,и уште два патници во околината на Минхен па се сменавме.Па тој возеше ваму таму(спиев),па кога станав јас продолжив и така.
Тргнавме во петок во 04:00 од Лукоил Прилеп,Штајнфурт стигнав Саботата во 17:00,после извозени вкупно над 2700км,од кои повеќе од пола јас ги извозив.
Чоекот цело време частеше кафе,сокче,ред бул и така(така беше договорот),иако инстистираше да ми земи пола пари за превозот,поточно да платам само 50е.
Србија пред граница со Унгарија пред патарина не застана полиција во брза лента стоевме на автопат(500м)пред патарина,му викам чекај да се тргнам ке не залепи некој од назад,немај гајле вика џандарот дај 20е пошо не се врзани патниците назад.
Дур ја влечкавме приколката возев 10-20км/х повеќе од дозволеното,кога ја оставивме Германија,кога сум го собрал тоа комбето по автопат незнам како не испушти душа.ИСпод 150 не го пуштив,ама се договоривме пред тоа со останатите патници.
п.с Од аспект за патување,никогаш повеќе не со комбе.Ако имам повеќе работи за носење,нив ке ги пуштам по комбе и ке одам со авион,или па со кола.