Колку и да го менуваат, не може едни закони да важат за невенчани други за венчани. Може луѓе живеат заедно и имаат деца и потомци а не се венчани, може има и други ситуации, венчани се за пасош па не ни живеат заедно. Популизмот во изјавата на премиерот смрди надалеку.
Можеби најдобро е да се земе еден конкретен пример за да се разбере ситуацијата. Ако имаш потомство, нема разлика дали тоа е со венчан или невенчан партнер обврската кон детето и кон државата е еднаква. Никој не може со сила да те натера да живееш во одреден вид на заедница, но ако имаш дете, тогаш имаш и законска одговорност да се грижиш за него и да го издржуваш.
Прашањето е како да се избегне таа одговорност ако државата ја регулира и санкционира истата. Во таков случај, ако нема јасни механизми за да се изврши таа обврска надвор од формалниот брак, луѓето ќе бидат принудени да ја изберат наједноставната и најприфатлива опција — да се венчаат токму тоа што државата со овој закон ја донесува.
Со други зборови, женењето или мажеењето ќе стане „неизбежна“ формалност, затоа што ако не го направиш тоа, ќе бидеш изложен на санкции, а тоа може да влијае на твоите права и обврски ако си во здрава психо физичка состојба.Во случај да можеш да докажеш дека не си здравствено способен се ослобдуваш.Има начини едноставно државата конечно нешто добро прави за својот народ а тоа е зближување верувам дека ке има и плус бенефиции за секој склопен брак и деца како стимулант.Најлесно е да се најде изговор дека нема права,дека е загадено,дека ова дека она а најголемо богатство а воедно и смисао живота сепак прозлегува преку семејството така и правиме добро за самото место каде живееме а воедно и како за самите нас и нашето постоење.