Во Битола се е обратно.
Мора да одиш до „внатрешни“ за да ти издадат потврда. Тие од техничките „немат пристап.
Иначе во „внатрешни“ во Битола не издават потврда ако си од друг град. Тешки дебили!
Не сте наопако виа, малку сте налево само, не си вреѓај родното место одма па и ти!
Мислам дека имавме некоја тема само за меѓународни, ќе пробам да сумирам:
- Скопје може да се вади без разлика од кој град си меѓутоа само во МРТВ зграда. Само таму го имаат тој пристап за проверка на забрани од друг град.
- АМСМ може во било кој објект да издаде меѓународна, само ако си од тој град каде што бараш дозвола
- Здружение на Возачи Скопје има шалтер од МВР што има пристап до проверка на забрани за другите градови, исто така може да издаде дозвола ако немаш забрана.
Сè на сè, не е до локацијата туку до посредувачот - дали имаат пристап до таа проверка.
А Битола е голем град, имаат посебно вработен за таа намена... што и не ми е толку нелогично.
Земи го Свети Николе, на пример, еден вработен е за сите намени.
Април вадев нова возачка, стара забрана останала во систем.
Кога бев во МРТВИ да вадам меѓународна ми рекоа дека имам забрана и не можам да извадам - во склоп на тоа морам да одам во МВР Свети Николе да го кликнат копчето прво бидејќи не го кликнале кога требало...
Тоа ти е... систем - измислен е систематски за да не работи.