Во Fokabo во ГТЦ работеше една плава жена, 42-45 години, абе на плажа дур седиш, песок може да ти продаде.
Кога го купував првото одело, влегов таму, викам "кум ќе бидам, одело ми треба, никогаш не сум носел". Ми извади крем одело со елек, ми извади кошула, ми извади кравата и марамче, ме исфали мислиш поубав човек не видела, ја цел задоволен си остаив 13.000 и после 2 дена си земав се скроено по моја мерка.
Оделото не е мрднато, го дупнав од носење тој период, и кога више ми требаше втора и трета опција, овој пат разумно, си пазарив плаво од Зара за 1498 денари (!!!) и после некое време и црно за 2498 денари.
И двете завршија на кројач во Гостивар за ситниш, скроени ко за мене...
Откако ги носев последен пат, прво ослабев 10 кила, па вратив еден куп мускулна маса, треба да видам на што личам сеа во одело

Да го одговорам прашањето на членот кој оригинално ја воскресна темата - сметам дека црно и плаво се најбезбеден избор, ако сакаш малку похрабро - крем и светло сиво со некаква текстура, а ако можеш да изведеш, иди на одело во боја.
Секако, што и да купиш да биде прилагодено за тебе - должина на ракави на сако за да излага малце кошула, како елекот и сакото следат форма на тело, и должина и ширина на ногавици да излага минимално чорап, не да се диплат доле ногавиците ко завеса.
