точно е дека никој со ништо не придонесе да имаат граѓаните бенефит.ни па да се чуствуваат по горди што живеат во македонија.
ај сега не толку многу ама порано скоро секоја недела бевме информирани со информации со кој ќе се чуствуваш понижен дека си во македонија,се срамиш што си македонинец и слични чуства.
не се случило ништо поголемо,ништо револуционерно за да направи тектонски поместувања и да ја придвижи македонија во права насока.
сите политичари до сега излегоа дека се курви и типови со комплекси,кои ги лечат со препукувања и во водење инает едни на други.
прочитав погоре стојанче бил сега цврст и со тек на време „може“ ќе се сменел...може но и не мора.
сега за сега е таков и мене ми се свиѓаат неговите ставови.некако се осеќа осамен во барањата.му простувам за некој моменти кој ги ставам на сметка дека не бил политичар туку е дојден како аматер.
не барајте чесен политичар,затоа што таков нема.или ако има ќе биде маргинализиран да не речам отфрлен од другите.
друго сакам да кажам.
дојде момент кога имаме многу факултетлии а малку опции за нив.факултетлија ќе зима плата како средношколец.затоа после завршениот факултет сите мислат како да направат пари.а најлесно им изгледа работа во странство.тука тие се фирмите нема толку побарувачка колку што излегуваат од факс.
ќе дојде време да нема работници,сите ќе сакат да бидат менаџери или директори.