http://libertas.mk/%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BC%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B8/Изборните малверзации како исклучувањето на лифтовите во општина Центар, делењето на фалсификувани летоци, новите контингенти на гласачи од Пустец предизвикаа лавина критики на социјалните мрежи. Ви пренесуваме дел од статусите кои на Фејсбук до сега ги објавија новинари, политичари, активисти…
Ида Протуѓер: Имате ли чест, образ? Срамно, долно однесување. Домот за деца без родители си го третирате како штаб во кој слободно може да си одите во 2 по полноќ, ги лажете граѓаните дека денеска не се гласа и уште ова? Само потврдувате дека Итар Пејо е вашиот ген, каков Александар, а со дејците што ги поставија темелите на словенската писменост, со оние што донесоа слобода и конечно, тие што ги поставија темелите на државата, фала богу немате ништо заедничко. Бедни варвари.
Радмила Шеќеринска: Ги исклучија лифтовите во кулите; се шетаат по улици и им кажуваат дека не се гласа; делеа лажни писма и шкртаа фејк графити… Што ќе прават ако има следен круг? Ќе не заклучуваат од внатре?! Срамота!
Влатко Васиљ: Абе на глава ќе ни се посерат, а ние ќе се тешиме дека нашето гомно поубаво смрди. Е до толку е дојдена работата…
Ленче Николовска: Мислам дека да фатат да стрелаат на плоштад, ние ќе речеме…па добро, силни се…а башка не сум јас…
Јани Макрадули: Де бе, ДБКМНЕ, како не сфаќате дека не е до лифтовите…
Ивана Д.: ако ви е расипан лифтот или дупнати гумите од колата, значи дека треба да гласате. во спротивно, проверете го списоков.
Сеад Ризвановиќ: Откако амбасадорите на најмоќните држави најавија дека ќе го следат гласањето, им плукнаа во лице со отворен обид за фалсификат во Центар.
Not a valid youtube URL