Yugoslovenskite narodi imaat isto/slicno poteklo, ist/jazik, delat ista istorija, imaat slicen narav. Mozat da ziveat razedineti i slabi, da vojuvaat megusebno i so drugite, ili da ziveat vo edinstvo, i vo mir! Yugoslavija e ideja za edinstvo na balkanskite slovenski narodi. Toa edinstvo garantirase nezavisnost i mir. Balkanskite narodi ziveeja vo 'bratstvo i edinstvo', a nikoj od nadvor ne smeese da se mesa vo vnatresnite raboti na drzavata. 50 godini mir, prosperitet. No, Tito ne ostavi naslednik...
Denes jugoslovenskite republiki se ekonomski i voeno slabi, vo golemi dolgovi, celosno zavisni od golemite sili. Ne odlucuvaat za nisto, i seuste gi lecat ranite na vojnata.
Не знам што подразбираш под југословенски народи, ама македонскиот народ нема ништо со тоа.
Македонскиот народ освен во периодот за време на СФРЈ нема заедничка историја со останатите републики на СФРЈ, а тој период е една минијатурна точка (0.01% или помалку) од историјата која ја знаеме за Македониија и македонскиот народ. Заедничка историја имаме со претопениот македонски народ и насилно одзмената територија која се наоѓа во Грција, Бугарија и Албанија.
Нашиот јазик и писмо се разликува од јазикот и писмото на останатите републики од СФРЈ, но истиот тој јазик и ден денес се зборува во Егејска, Пиринска и малиот дел даден на Албанија, и покрај сите претопувања, насилства и притисоци врз македонскиот народ.
Основните одлики на една култура, народ и цивилизација се јазикот и писмото. Македонскиот народ ги има и двете придобивки, чијашто еволуција може да се следи во целост се од втората половина на IX век до ден денешен. А, притоа, никаде на друго место во светот се уште не сме разбрале дека постоел или пак дека е создаден во меѓувреме некој друг народ којшто се нарекува македонски, и други јазик и писмо коишто се кодифицирани со претставката македонски.
Овој простор го носи името Македонија, и тоа е по врзано со античките Македонци и нивното славно кралство. Своето име Македонија го носи непрекинато како единствена земја на Балканот, од околу седмиот век пред нашата ера до денеска, близу три милениуми. Уште старогрчкиот историчар Тукидид (463–396 г. п.н.е) дава опис на границата на Македонија.
Самите грчки автори наведуваат дека денешната територија на Република Македонија е стопроцентно иста на нејзината претходничка Социјалистичка Република Македонија и со своите 39% е сместена точно во границите на земјата, која географски и грчките автори ја нарекуваат Македонија.
Во текот на историскиот развиток настапува една трајна историска симбиоза меѓу античките Македонци и другите народи кои поминувале на овој простор со името Македонија.
Во овој контекст, се до конституирањето на современата македонска нација ниеден друг народ не го носел или присвоил тоа македонско име. Значи, во еден долг и континуиран историски процес, кој трае со векови, се создаваат потребните претпоставки за избор на македонското име како национално и како битна конституанта на македонската национална свест и на македонската нација.
Тоа се случува, со својата закономерност и објективност во текот на деветнаесетиот век. Впрочем, ниту еден од балканските народи во почетокот на деветнаесетиот век се уште не бил конституиран како нација. Религиозната припадност ја определувала политичката и социјалната положба на султановите поданици за време на турското владеење на овие простори.
Исто така нашата култура, обичаи и традиција се разликуваат од културата, традицијата и обичаите на останатите републики од СФРЈ. И покрај сите прептопувања, мешања и влијанија, во нашата култура, јазик и традиција имаме автентични елементи кои не се својствени за ниту еден друг народ и држава: стилската композиција на нашите носии и украсувањето на свечените и обредни носии, боите и изработката на везовите, националните симболи и обележја, народната музика со автентичниот седум-осминскиот такт, национални јадења...
Патем, со развојот на науката денес имаме непобитни факти. Нашата генетска структура многу се разликува од останатите народите кои живееа и живеат на просторите на бивша СФРЈ. Процентот на гените кои ги носиме од античките македонци е најндоминантен и е поголем од процентот на останатата генетска структура која ни е заедничка по било кој основ со било кој од останатите народи од бивша СФРЈ.
Нашата трагедија е нашиот народ кој не знае кој е и што е. Не знам како успеваш да гледаш заедничко нешто со народите од СФРЈ пред нашиот речиси претопен народ во Грција и Бугарија. Како ја гледаш нашата историја заедничка со оние кои не постоеле кога ние сме биле етаблирани повеќе отколку што тие сите заедно биле некогаш...
Што се однесува до Тито, тој никогаш ништо не одлучувал. Тој е само една маскота зад која стои добро осмислен и наменски управуан систем. И Тито ниту бил бравар ниту е некој овдешен, тој е амерички инфлитрант во „партизани“ со цел од него да биде направен лидер на вештачки создадената држава, бидејќи офицјиално секоја држава мора да има лидер.