Автор Тема: Забави...... не трчај низ животот...  (Прочитано 209874 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #570 на: 28 Март 2013, 17:55:01 pm »
Сеедно и да возел 1/3 од пропишаното. Јас знам еден дечко кој ми е генерација умре најглупо што може. Стоеле на семафор, во момент кога од совозачко сакал да смени CD му паднало CD-то и се наведнал за да го земе. Од позади некој со 30km/h ги удрил. Као ништо не му е, само малку го болело, а дечково фактички се „боцнал“ со ребро од каде искрварил за помалку од пола саат. Тоа е тоа.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #571 на: 28 Март 2013, 17:58:16 pm »
Ја знам еден што се има исечено на пола со појас ама ни тоа ништо не значи.

Имаш акција брзо возење и рекација силен удар. Ако бил доволн силен ударот немора ти да отидеш кај воланот тој ќе дојде кај тебе.

Поентата не ми е дека појасот е небитен, ок си е појасот ама ме нервира поуката која се зима. Врзи појас и 300 вози, тоа мислам дека е погрешно.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #572 на: 28 Март 2013, 17:59:59 pm »
Тоа е погрешно, а правилно е да возиш колку е пропишано (80 ако не се лажам кај свиокот каде излетал) и да носиш појас. Да носел, ко шо реков, друг ќе бил исходот.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #573 на: 28 Март 2013, 18:01:40 pm »
Абе види, другарми загина со Вектра пред 6 години, нова џам од салон. Од моментот кога ја купи додека загина мислам дека од 100 ка немаше качено повеќе.

Правеше викендица, враќал мајстори дома вечерта, сабајлината ми јавија Другарти погина во сообраќајка кај Градско?????

Он ли? Не е можно, ама се се случува, кога отидовме на лице место беше малите не како жив, дури ни бојата не му беше сменета. Немаше крварења или видливи надворешни деформитети а ете обдукцијата покажа дека починал наместо од удар со главата во ... Највероватно ивицата од предното ветробранско стакло!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #574 на: 28 Март 2013, 18:04:31 pm »
Тоа е погрешно, а правилно е да возиш колку е пропишано (80 ако не се лажам кај свиокот каде излетал) и да носиш појас. Да носел, ко шо реков, друг ќе бил исходот.


Тоа е тоа. Ако си возел со нормална брзина тој појас ќе те заштити и треба да го носиш. Ама ако возиш со огромни брзини тури му пепел, играш на среќа, може во НЕКОЈ ситуации и да ти одмогне.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #575 на: 28 Март 2013, 18:39:29 pm »
У секој случај невероватен човек. Едини кој заслужува споменик поголем од оној на Аце.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #576 на: 28 Март 2013, 18:46:56 pm »
У секој случај невероватен човек. Едини кој заслужува споменик поголем од оној на Аце.
Драго ми е што се разбираме.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #577 на: 28 Март 2013, 18:56:29 pm »
У секој случај невероватен човек. Едини кој заслужува споменик поголем од оној на Аце.
Драго ми е што се разбираме.

+1

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #578 на: 28 Март 2013, 19:23:03 pm »

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #579 на: 28 Март 2013, 19:48:43 pm »
HOW VERY TRUE DRUZE !!!  ;)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #580 на: 29 Март 2013, 11:56:50 am »

Мерсел Биљали

МачнинаСамо кај нас можете катастрофално да загубите и да славите. Да изгледате триумфално. Да ви аплаудираат додека вие тажно се смеете. Да ја закопувате партијата и надежта со неа, само за да си ја спасите личната политичка кариера која најмногу е загрозена од вас самите...


Возејќи за на работа, на очи ми падна слаб средновечен човек кој депримирано стопираше со надеж дека некој возач ќе се смилува за да го земе. Од далечина се гледа дека животот на кутриот човек подолг период е заробен под канџите на голата мизерија и суровата сиромаштија. Летно облечен иако температурата беше многу ниска, чекаше смрзнат надевајќи се дека некој возач ќе се смилува. Во длабочината на неговиот уморен поглед лесно можеше да се прочита тешката животна мака и суровото страдање. Недолжен никому, и веројатно единствената грешка му е што по некоја случајност морал да живее во едно вакво лошо време. Во времето кога водачите ја градат нивната среќа врз несреќата на два милиона луѓе. Го зедов за да размениме по некој збор. Ми кажа дека има тргнато до едно друго село, до кај некој негов подалечен роднина триесетина километри подалеку, за да му побара пет кила брашно, оти фамилијата му гладувала. Дури не беше сигурен дали воопшто неговиот роднина е жив, бидејќи немал можност да го посети две години, но дека, ако Господ сеуште му дал век, ќе имал голема среќа - ми објаснова сопатникот. Бидејќи тој бил многу дарежлив па можеби ќе му даде и цела вреќа брашно.

Се потресов од неговата животна приказна и наеднаш мислите ми се вратија во моите златни години, кога не знаевме што е тоа сиромаштија. Тогаш по весниците можевме да прочитаме дека во Индија, Бангладеш и Пакистан луѓето ги продаваат нивните бубрези за да опстојат биолошки. Да не умрат од глад. Ни во сон не можевме да претпоставиме дека по неколку децении таквата сурова намаштија ќе се пресели кај нас. Мислевме дека новиот век ќе го дочекаме со тотална автоматизација, роботизација и технолошка фантастика.

Но, по некоја чудна органска еволуција, скоро три децении ние се движиме во спротивна насока со времето. Заглавивме во мрежата на вечната транзиција, каде што животот на човекот пропаѓа пропорционално со пропаѓањето на човечкиот морал. Каде што достоинството на обичниот човек е доведен до дереџе на колективен срам. Каде што обичните луѓе живеат сиромашно затоа што необичните треба да живеат богато. Сиротиот мој придружник, не по своја вина, се родил во времето кога патриотската лага му ја определува животната вистина. Живее во ерата кога страста за пари кај водачите ја определуваат неговата тажна судбина. А познато е каква магична моќ имаат парите. Тие, времето, просторот и зборовите ги прават неважни. Моралот, принципите и законите ги прават нефункционални. Впрочем, кога зборуваат парите устите молчат. Но, додека кај власта се гнезди среќата, кај обичните луѓе се гнезди тешката несреќа. Приказната за рајот и пеколот станува реалност на овдешен свет.

Моралот си молчи и кај религиите каде што по своја логика би требало да се наоѓа лулката на етиката. Но, познато е дека таму каде што се вселува неморалот, се исселува моралот. Одамна се знае дека богатиот неморал го победува сиромашнит морал. Верски и политички водачи, свртени кон секакви други богови освен кон вистинскиот Бог, хипокризично се крстат или се молат пред телевизиските камери, убедени дека секогаш ќе успеваат во тоа црниот ѓавол да го прикажат како да е бел ангел. Сопатникот ми кажува дека живее од две илјади денари месечно како социјална помош, но дека три месеци нема земено ни денар. Па за да преживее мора да собира некаква маковина (која мачно се собира). А маковина била некаква материја која може да се најде на дрвјата и потребни се околу десет часа за да соберете три кила маковина, за која не можете да добиете повеќе од шеесет денари. Или кило и пол брашно според речникот на мојот соговорник.

Пред шест години премиерот цело време не убедуваше дека ќе сме можеле економски да се развиеме надвор од НАТО и ЕУ. И дека ќе ни се случи нуклеарна инвестициона експлозија. Ни вети економски бум, а добивме немаштиски бум, и сега бројот на несреќниците се приближува кон бројот на жителите на државата. Но, тоа за власта и не е толку важно, бидејќи таа знае дека ни е кратко памтењето. Ние имаме слабо паметење ама силен грб. Поддржуваме да н# водат души без душа. И овие души пак насојуваат да н# убедат дека и за оваа состојба ама воопшто не се винови. Виновна била светската криза, Грција, ЕУ, меѓународната заедница, домашните предавници... А ние никако да разбереме дека не се работи за светска криза туку за ментална криза.

На луѓето им преостанува очајно да се молат: Господе, чувај н# од владеење кое дига споменици а урива луѓе; кое проповеда вера во Бога а го убива божјото кај човекот; кое слободата на говорот ја претвори во минута молчење; кое рекламира знаење а уништува образование; кое гради висок рејтинг за сметка на низок животен стандард; кое и кога бакнува впрочем касува; чувај не од владеење кое е поддржано од хајкашки и ушкачки новинари и медиуми; на кое хипокризична поддршка му даваат свештеници, научници, академици и политички отпадници; чувај н# од вледеење на кое му пеат поети со сатански стихови; од владеење кое со стравот од губењето на изборите го губи разумот. Но, Господе, пред с# чувај н# од нас самите, оти многу лесно се колнеме на секакви водачи, а уште полесно ги преколнуваме.

Полека но сигурно се претвораме во светски центар на апсурди и лудило. Само кај нас можете катастрофално да загубите и да славите. Да изгледате триумфално. Да ви аплаудираат додека вие тажно се смеете. Да ја закопувате партијата и надежта со неа, само за да си ја спасите личната политичка кариера која најмногу е загрозена од вас самите...


Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #581 на: 29 Март 2013, 12:07:39 pm »
Условно кафе...






Ова прича ће вас загрејати боље од кафе по хладном дану:

"Улазим у мали кафић са пријатељем и наручујем. Док се приближавамо нашем столу, улази двоје људи и по...ручује: "Пет кафа, молим вас. Две за нас и три условне". Плате поруџбину, уму две кафе и оду. Питам мог пријатеља: "Шта су то "условне кафе"? Следећа поруџбина је била седам кафа, три за три правника и четири условне". Док се ја још увек се питам шта је то "условна" кафа, уживам у сунчаном времену и лепом погледу на трг, у кафић улази човек одевен у запуштену одећу - изгледа као просјак, и љубазно пита: "Да ли имате условну кафу?“

Једноставно је - људи плаћају унапред кафу за некога ко не може да приушти себи топао напитак. Традиција са условном кафом почела у Напуљу, али се проширила широм света. На неким местима на овакав начин можете наручити не само кафу, већ и сендвич или цео оброк. "


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #582 на: 29 Март 2013, 18:47:06 pm »
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=2068


Цитат: Јадранка Костова
Мојот последен разговор со Никола, пред неколку дена, траеше повеќе часови. Му реков, „Никола, сега се бориме со ураган. Ова цунами ќе нѐ однесе!Ти и Биљана ѕверски се борите за финансиски да опстанеме, јас окапав како последен криминалец по судови, луѓево овде изгинаа од работа за дневниот и за неделниот „Фокус“, а јавноста немо дури и сеирџиски го проследува умирањето на секој медиум“!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #583 на: 29 Март 2013, 20:30:29 pm »
Условно кафе...






Ова прича ће вас загрејати боље од кафе по хладном дану:

"Улазим у мали кафић са пријатељем и наручујем. Док се приближавамо нашем столу, улази двоје људи и по...ручује: "Пет кафа, молим вас. Две за нас и три условне". Плате поруџбину, уму две кафе и оду. Питам мог пријатеља: "Шта су то "условне кафе"? Следећа поруџбина је била седам кафа, три за три правника и четири условне". Док се ја још увек се питам шта је то "условна" кафа, уживам у сунчаном времену и лепом погледу на трг, у кафић улази човек одевен у запуштену одећу - изгледа као просјак, и љубазно пита: "Да ли имате условну кафу?“

Једноставно је - људи плаћају унапред кафу за некога ко не може да приушти себи топао напитак. Традиција са условном кафом почела у Напуљу, али се проширила широм света. На неким местима на овакав начин можете наручити не само кафу, већ и сендвич или цео оброк. "


Браво.
Треба и кај нас вака да се прави.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #584 на: 29 Март 2013, 21:35:11 pm »
Во европа цената на кафето е 0,0001 % од дневницата, кај над е 100 ден од 350 ден дневница поточно 1/3 од дневницата. Ретко кој може да си дозволи секој ден да седнува на кафе , барем во моето опкружување децава не можат да си дозволат хамбургер и кока кола секој ден, камоли кафе од 100ка, камоли да остаат пари за други.
Плус кафиќи шо ќе крадат... Македонија