Цитати: „Цурата на бившиот“ – Јаневска Марија
И ми ја шета пред мене, ми се пува, за еден ден демек ме сменил со друга. И застанав ја онака, пребледено, се укопав у место. И он напраил мангупска фаца и си вика „аха ја утепав у поим.“, а јас мртва ладна го глеам вака на косо, го глеам, го глеам… и си викам, добро бе со кој памет! Напунила години у газот, ко некоја кобила – кај висока па и на штикли се испентарила, стаила црвен кармин – певаљкине од биртиине не и се рамни и опнала од оние хулахопкине со дупчиња и он со цел памет ја шета до него? Брат, ако сакаш да ме направиш љубоморна, прво неа направи ја убава. А и дај и малце памет жити се`, нема смисла, многу селотејп ќе треба да потрошиш за устана ко чорапа.
Го знаете она ужасно чувство кога новата цура на бившиот е појака риба од тебе?Ни јас.
Да си жив и здрав, ме пресмеа.
Ми го продужи животот, не за друго.
- Јаневска Марија, 2012
(извадок од “With love, Irony”)
p.s.лесна му земја,жално.
јас како што гледам имало траги на кочење,брзо возење и ја потценил кривината,кога видел дека е касно,кочел и пробал да сврти лево и нагло вртење на волан предизвукува тумбање и пробивање на банкината...
јас не би да обвинувам дали некој намерно го направил или не.еднставно не знам.