Автор Тема: Забави...... не трчај низ животот...  (Прочитано 209612 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #360 на: 24 Февруари 2013, 21:13:13 pm »
Ja одамна викам дека грешни биле кординатите за атомската бомба што паднала на Хирошима! Требала овде да падне...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #361 на: 24 Февруари 2013, 21:24:11 pm »
Закон беше бубамарата вчера.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9182
  • Пичлеме
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #362 на: 24 Февруари 2013, 21:34:40 pm »
Ja одамна викам дека грешни биле кординатите за атомската бомба што паднала на Хирошима! Требала овде да падне...
Размислувале за тој чекор, ама скапа инвестиција било, не им се исплаќало да ја бувнат овде :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #363 на: 24 Февруари 2013, 21:51:17 pm »


8)                      8)                      8)                      8)                      8)                      8)                      8)       

             8)                      8)                      8)                      8)                      8)                      8)                      8)   
                               

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9182
  • Пичлеме
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #364 на: 24 Февруари 2013, 22:08:48 pm »
Пуканкиве ме потсетија на:

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #365 на: 25 Февруари 2013, 22:42:45 pm »
Закон беше бубамарата вчера.

екстра беше за жал не можев целата да ја гледам
да не ја има некаде online цела?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #366 на: 25 Февруари 2013, 22:46:48 pm »
екстра беше за жал не можев целата да ја гледам
да не ја има некаде online цела?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #367 на: 26 Февруари 2013, 01:08:08 am »
Најбоља до сеа !!! :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #368 на: 28 Февруари 2013, 13:18:26 pm »
ПОТОП

Цитат
Сите фекалии излегоа на површина и сега слободно пливаат како доказ за достигањата на преродбата и транзицијата

По три дена дожд потоп. По пет дена сонце суша.Тоа е Мекедонија. Типичен пример на држава без основна инфраструктура. Се' е препуштено на небото и на Господ. Деновиве државата се дави во својата негрижа. Надојдени небесни и подземни води, напукната брана, излиени реки и канали, поплавени куќи, полиња и ниви, патишта, фабрики, една човечка жртва, избезумени и уплашени луѓе, угината стока, дотепана сиромаштија, е гротескната, но реална слика на снеубавена Македонија потоната во вода. Нема подобра нагледна програма и повистинска кампања во живо за локaлни избори од големите резултати на политиката и во изминатите седум и во изминатите 21 година. Ги однесе водата, додека трепнеш со очи фалбите за големите успеси. Сите фекалии излегоа на површина и сега слободно пливаат како доказ за достигањата и на преродбата и на транзицијата.

Гледаме како денешниве политичари не можат да ги исчистат каналите што ги изградиле нивните претходници, а за речните корита не ни знаат дека треба да се регулираат. За такво нешто не чуле. Не можат да ги заштитат браните изградени пред половина век. Не можат да ги реновираат мостовите и хидроцентралите изградени во ерата на едноумие. Затоа добро знаат да не' лажат, да не' научат да се мразиме, да се караат, да не поткупат и плашат, да не доведат до безумие. Оти само во такво лудо време може да се градат барокни и рококо гаражи, жални врби и кораби среде Вардар, триумфални капии, мостови на секои 50 метри низ центарот на Скопје и стотици споменици на античките јунаци од Прометеј до Алeксандар и неговиот татко, до неговиот лажен саркофаг, до ергелите коњи и глутници лавови кои денес поплавените и унесреќените не ни знаат како се викаат и кои се. Ако некогаш се дознае, а ќе се дознае колку чинеше овој кичерај на скопскиот плоштад и сите тие архитектонски бурлески во слава на власта лесно ќе се пресмета дека голем дел од потребната инфраструктура на Македонија од чистење на речни корита и нивна регулација на ризичните делови, мелиорација на плавните земјоделски површини, чистење на канали не само како шминка пред камери, до градежна интервенција на браните, ремонт на хидроцентралите, и нивно надградување, изградба на фекални и атмосферски канализации, сето тоа за неколку години ќе беше завршено плус за тоа ќе добиевме финансиска помош на Европа. За тоа секогаш има можности за финансирање. Пари за споменици Европа не дава, освен во случаи кога имаат висока уметничка вредност. Во Македонија за ниеден споменик од ниту една свeтска фондација не стаса ни денар. Потрошени се само наши пари, на граѓаните.

Е, сега следува големата лага на која ќе се изнаслушаме деновиве. Актуелната власт ќе почне нова кампања дека се работи за елементарна непогода, за виша сила, за природна катастрофа, за поплави какви што има сегде во светот и кај многу побогатите земји кои имаат одлична инфраструктура и слични ујдурми. Ќе се дели помош како минатиот пат, по партиски список. Ако се знае дека на квадратен метар сите денови на врнежи во поплавените подрачја падна дожд околу сто литри на квадратен метар, а негде и помалку, тогаш се' е јасно. Стручните луѓе знаат дека тие количества вода со пристојна инфраструктура, со исчистени од наноси речни корита и канали, со исчистени испусти и со заштитени брани, со планска регулација на водата во вештачките езера, овие дождови ќе направеа минимални штети. Доказ за тоа е што секогаш од поплави страдаат истите региони кои не се опфатени со изградба на потребната инфраструктура и чистење на каналската мрежа, каде жителите со својот однос кон каналите само ја влошиле состојбата. Низ Македонија не течат ни Дунав ни Сава, ни Рајна ни Волга. Не е точно дека се работи за таканаречени стогодишни води во науката познати како коинциденција на води, бран кога сите надојдени води го достигнуваат својот најголем водостој во исто време. Напротив, во Македонија во моментот имаме коинциденција на длабока политичка и економска криза, кога сите грешки на политиката го доживуваат својот врв. Почнувајќи од евидентна криза на демократските процеси, криза на институциите на системот, економска криза, морална криза, криза на општестевна одговорност, криза на функционирање на правната држава, криза на парламентот, уставна криза..... Тоа се вика распад на системот.

Она што не можевме да го разбереме од пораката на Штефан Филе дека наместо да ја искористиме историската шанса станавме жртви на домашната политика, галиба ќе го разбереме од надојдените води. Ни требаше потоп за да сфатиме каде сме.

Ах, да ќе ја заборавев опозицијата. Каде е таа. Заседаваат да не им избегаат Заев и Петрески со брод од Охрид преку Струмица, Валандово и Гевгелија за Скопје. ВМРО- ДПМНЕ заради нив го продолжи конкурсот за изборите да не бидат еднопартиски. На опозицијата треба да и каже некој дека преврна. Нека излезат.

Ерол Ризаов

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=18EC30D808406841A705B9F36E868753

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #369 на: 28 Февруари 2013, 13:49:00 pm »
Баш сабајлево го читав ова.
Не дека кажува нешто ново,или нешто за што не знаеме, ама кога ќе ти ги плеснат во фаца сите работи одеднаш... Нема такво "meme" што би ја опишало реакцијата.

БОНУС: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=724B0B60B8071F41B86082EB63C8B6DD&fb_action_ids=10152644860200151%2C10152644657970151&fb_action_types=og.likes&fb_source=other_multiline&action_object_map=%7B%2210152644860200151%22%3A415045825251640%2C%2210152644657970151%22%3A541750625846362%7D&action_type_map=%7B%2210152644860200151%22%3A%22og.likes%22%2C%2210152644657970151%22%3A%22og.likes%22%7D&action_ref_map=%5B%5D
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #370 на: 02 Март 2013, 11:29:31 am »
што се не се изначитав :) интересно,интересно.....Напишано од Зоран Божиновски
јас ги читав по овој редослед(препорачува да се запази редот)....ама последните ми се перверзија,спуштете(прочитајте) ги чатовите на соња п. со фановите на васко фан клубот......ПЕРВЕРЗИ  :)  ;D

*Груевски, нарко кока премиер           http://www.burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-59/item/322-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%B5%D1%80.html

*Stevco's WAY           http://www.burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/342-stevcos-way.html

*Авантурите на Соња П.           http://www.burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/341-%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D1%9A%D0%B0-%D0%BF.html

*Васко Ефтов "HOT CHAT FUN CLUB"               http://www.burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/332-hot-chat-fun-club.html
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #371 на: 04 Март 2013, 18:27:20 pm »
Not a valid youtube URL

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #372 на: 04 Март 2013, 21:11:52 pm »
си помагале, се држеле, се дружеле... дружењето во работните акции било она што било мотивација за народов да идел на “копање“ за државата... ама ако се јас прашам тоа не е во ред.. во името на братство и единство се ринтало за џабе... да не речам искористување на работната сила... од друга страна пак, ако тоа не било како такво поставено, македонија нај веројатно сеуште ке се возеше по калдрми. еден убав дел од патната инфраструктура низ државата е направена тогаш и во тоа време... како и да свртиш и да фалиш и да жалиш а и да се противиш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #373 на: 04 Март 2013, 22:35:34 pm »
се ринтало за џабе.......и сега на готово дојдоа некој си директорчиња што преку ноќ ги купија фабриките.....понатаму сите ја знаете приказната
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #374 на: 04 Март 2013, 22:45:03 pm »
... од друга страна пак, ако тоа не било како такво поставено, македонија нај веројатно сеуште ке се возеше по калдрми.

Да не беше така, Македонија немаше ни да постои денеска...Ке бевме некој јужен дел од некоја република...Или северен дел од некоја друга држава, или пак западен дел од некоја трета држава...
Како и да е, и она што го имавме, полека ама сигурно ке го изгубиме, односно го изгубивме...
Полека и со сигурни чекори се стремиме и стануваме исток на четврта држава. Нека е со среќа.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.