Реално, банките највеќе ги сакаат оние кои плаќаат рецимо 10 години, па после престануваат.
Така 10 години ќе земаат рати од кредит, ќе вратат огромен процент од кредитот што го дале (ако не и целиот кредит), после тоа ќе го конфискуваат станот и ќе го продадат за чист профит. Така профитот ќе го имаат за 10 години наместо за 30.
Најмалку им одговараат луѓе што брзо и пред време го враќаат кредитот и намерно имаат клаузули во договорите за ова. Ако го вратиш кредитот пред време, им го скратуваш ќарот. Ако го враќаш на време, акумулацијата на пари е готова после 30 години. Ама ако после 10 - 15 години престанеш, ем си ги земале парите назад, ем ќарот го имаат одма.