Државата ги штити криминалците затоа што она е најголемиот криминалец. На чело се неспособни луѓе гладни за пари, и секако со огромни фрустрации кои сега имаат можност да ги лечат.
Законски криминалците не се заштитени, но во пракса се, затоа што или се под заштита и работат по наредба на тие што одлучуваат, или откако ќе направат нешто си плаќаат да не сносат реални последици, туку минимални или никакви. Многу е едноставно

И примерот на олмајти е добар. Мене најстрашно ми е што луѓето кои се заштитени од власта не е дека кога ќе погрешат ненамерно не сносат последици, туку затоа што знаат дека нема да сносат последици намерно го прекршуваат законот, затоа што им се може.
На пример зашто би проаѓал цело време на црвено додека се возам навечер низ град? Зашто да не почекам 10-15 секунди? Ниту се брзам некаде, ниту нешто ќе ми смени. Ама дека ми се може, и да не треба ќе пројдам на црвено. Зашто ако колата ми ја крене пајак, истиот пајак да ми ја врати од местото каде што сум ја земал?? Ај да разберам да не платам, ама намерно да ја оставам каде сакам и уште да ми ја враќаат на пајак?? Колку треба да си имаш проблем во главата за вакво нешто да те прави среќен
