Денеска непланирано мораше да се смени прекидачот за притисок за уље. Вчера откако се вратив од Тетово и случајно отворив хауба имаше што да видам. Од самиот прекидач имаше избиено уље и испрскано околу компресорот за клима и на подвозјето, меѓутоа не беше некоја голема количина.
После половина час гуглање заклучив дека треба да се смени прекидачот. Денеска купен и веднаш сменет.
Потрошено 200 денари за прекидач и 15 минути за работна рака бидејќи сам си го менував